Претседателот на кошаркарскиот состав Детроит, Трајан Лангдон, вели дека е задоволен од настапите на центарот, Џејлен Дурен и дека работи на негово останување во тимот.
„Имаше фантастична сезона. Тој е Ол-стар и еден од клучните играчи. Oчекуваме да се сретнеме со неговите претставници, да го финализираме договорот и да се осигураме дека тој ќе остане во Пистон“ – рече Лангдон.
Дурен во регуларниот дел одигра 70 мечеви со просек од 19,5 поени и 10,5 скокови.

