Манчестер Јунајтед, Астон Вила, Њукасл и Ливерпул, може да влезат во трката за потписот на младиот фудбалер на Хофенхајм, Базумана Туре, најавија дел од медиумите во Англија. Според нив, „црвените“ се во пол-позиција бидејќи ги започнале преговорите за ангжман на 20-годишниот интернационалец од Брег Слонова Коска. Црномурестиот фудбалер во сезонава одигра 30 мечеви со ефект од пет голови и 9 асистенции. Неговата трансферна вредност е околу 40 милиони евра. Туре има и пет настапи за неговата татковина.
Author: dino
Возачот на Ферари во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави, дека не размислува за завршување на кариерата. Тој потенцираше дека има намера да продолжи со настапите и во наредната сезона. „Сè уште имам договор. Сè уште сум фокусиран и мотивиран. Ќе бидам тука одредено време, затоа навикнете се“ – рече Хамилтон. „Многу луѓе се обидуваат да ми кажат да се пензионирам, иако не размислувам да ја завршам кариерата. Напротив, правам планови за наредните, да речеме, пет години“ – вели Британецот
Тален Хортон-Такер очекува да има добар настап во дресот на Фенер на завршниот Фајнал-фор во кошаркарската Евро-лигата кој денеска ќе започне во Атина. „Би било одлично да го освојам пехарот во мојата прва сезона и да ги соберам сите можни достигнувања. Но, главна работа е победата. Ако можам да го направам тоа, ќе биде добар почеток на мојата кариера тука.“ – рече Такер. Турскиот тим денеска од 17.00 часот ќе игра против грчкиот состав Олимпијакос во првото полуфинале. Во второто ќе се сретнат Реал Мадрид и Валенсија.
Екипата на Сан Антонио веројатно ќе биде ослабена за третиот меч со Оклахома во финалето на Западната конференција во НБА лигата. Имено, играчите на надворешните позиции, Арон Фокс и Дилан Харпер, остануваат на списокот на повредени кај „Спарси“. Првиот има истекнување на глуждот додека вториот се соочува со болки во коленото. Фокс сè уште не играл во серијата против Тандер а Харпер се повреди во вториот натпревар. Резултатот е нерешен 1-1.
Џејсон Кид кој доби отказ од кормилото на Далас испрати проштална порака до клубот и неговите навивачи. Тој во пет сезони двапати ги предводеше Маверикс до плејофот и стигна до финалето во 2024 година. „ Сакам искрено да им се заблагодарам на организацијата на Маверикс. Беше чест да работам заедно со сите тие неверојатни луѓе. Го напуштам клубот со почит и благодарност“ – напиша Кид.
На 24 мај со почеток во 11.00 часот на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи првиот „TSD“ Авто слалом натпревар под името Скопје I – „Сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј“ како еден од седумте настани кои ќе се бодуваат за државното првенство за 2026 година. Станува збор за натпреварување во техничко и вешто возење на посебна патека со учество на возачи со класични олдтајмери и јангтајмер возила, како и со спортски автомобили постари од 20 години. Таквите натпревари се одржуваат со поддршка на Светската федерација – (FIVA) и Министерството за спорт преку Националната федерација на историски…
Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, побарал од раководството да му обезбеди најмалку три засилувања за наредната сезона. „Нероаѕурите“ откако ја освоија Серија „А“ и Купот на Италија, сакаат да бидат конкурентни и во меѓународната конкуренција. Романскиот тренер има намера да го засили ростерот со Умар Соле, ( Удинезе), Асан Диао од Комо и со Ману Коне (Рома).
Три екипи од Премиер-лигата се заинтересирани за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, велат последните информации од Англија. Станува збор за Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, кои се очекува да испратат понуда иако Германецот има договор со „милионерите“ до 2027 година. Според одредени проценки, напаѓачот на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра.
Фенербахче потврди дека на крајот на сезоната ќе ја продолжи лиценцата за учество во Евро-лигата. Турскиот гигант објави дека конструктивно ги оценуваат проектите и иницијативите во врска со иднината на европската кошарка. „Исто така, внимателно ја следиме визијата на НБА за европската кошарка и нејзините перспективи за глобалниот развој на играта“ – се вели во соопштението.
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња, ги сподели очекувањата за Ф4 турнирот во Евро-лигата и ја оцени формата на тимот пред полуфиналето против Валенсија. „Верувам дека се приближуваме кон Фајнал Фор во добра форма, подготвени да играме на високо ниво“ – рече Хрватот. „Мораме да играме со страст, да бидеме целосно фокусирани.Тоа е неверојатно искуство но, мора бидеме паметни“ – потенцираше играчот на „кралевите“.
