Фенербахче потврди дека на крајот на сезоната ќе ја продолжи лиценцата за учество во Евро-лигата.
Турскиот гигант објави дека конструктивно ги оценуваат проектите и иницијативите во врска со иднината на европската кошарка.
„Исто така, внимателно ја следиме визијата на НБА за европската кошарка и нејзините перспективи за глобалниот развој на играта“ – се вели во соопштението.

