Author: dino

Фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез, се осврна на вчерашниот пораз кај Астон Вила во дуел од Премиер-лигата. Неговиот тим е во конуренција за да обезбеди квалификации за ЛШ. „Во Премиер лигата, разликата е мала и тоа го зголемува разочарувањето. Но, не можеме да седиме и да се сожалуваме. Знаеме што треба да направиме следниот викенд – мора да го победиме Брентфорд дома“ –рече играчот на Ливерпул. „Се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната со позитивна нота – тоа е целта“ – рече 28-годишниот Гомез за официјалната веб-страница на клубот.

Read More

Сопственикот на „VR46 Ducati“ во Мото Гран При шампионатот, Валентино Роси, го коментираше изборот на возачи за 2027 година нагласувајќи дека сака да има барем еден Италијанец. Бидејќи според најавите Фабио ди Џанантонио е на излезната врата, како негова замена се почесто се споменува името на Фермин Алдегер од Гресини. „Сакаме да имаме барем еден италијански возач за наредната година бидејќи нашиот тим отсекогаш се развивал со италијански возачи. Имаме неколку опции, ќе избереме меѓу нив. Сеуште ништо не е официјално, ќе видиме што ќе се случи3 – рече Роси.

Read More

Корпулентниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти новиот фудбалски шампион на Шпанија. „По четири години предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Си заминувам со чувство дека мисијата е исполнета. Четири сезони, три шампионски титули. Каталонија е моето место. Ви благодарам на сите што ги запознав на ова прекрасно патување во текот на овие четири години“ – објави Полјакот. „Посебна благодарност до претседателот Лапорта што ми даде можност да го доживеам најневеројатното поглавје од мојата кариера. Барса се врати таму каде што припаѓа“, напиша Левандовски на социјалните мрежи.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, проговори за ситуацијата со Килијан Мбапе и изјави дека е смирен во врска со незадоволството на напаѓачот од неговото време на играње.  „Тукушто го видов и му реков да се смири. Ова можеби изгледа како вест, но тој рече нешто за кое веќе разговаравме лично. Знам како е да се игра секој ден и како е да не се игра. Го разбирам.“ – рече Арбелоа. „Знам дека не беше среќен и тоа ми се допаѓа. Не би разбрал ако Килијан не сакаше да игра. Тоа е нормално за мене. Не ме загрижуваше“…

Read More

По реакцијата на Министерството за спорт на вчерашната приватна прослава на ФК Вардар кога во еуфорија беа користени навивачки песни со навредлива содржина, денеска се огласи и првиот човек на „црвено-црните“, Миленко Неделковски.   „Во мое име пред сѐ, а и во име на клубот ѝ се извинувам на Каролина Гочева бидејќи во еуфорична прослава испеавме стандардна, но, за жал вулгарна, навивачка песна“ – вели Миленковски. „ Но, од машка гледна точка а имајќи ја предвид Битола, кому таква песна да пееме? Нa Весна Бендевска ли? Во Вардар играат и работат мажи со префинет вкус“ – стои во малку и…

Read More

Во однос на синоќешните видео-снимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство за спорт, сакаме да ја известиме јавноста дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот“  – стои во дел од објавата на Министерството за спорт. -Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега се повторува. Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и…

Read More

Екипата на Јувентус може да се вклучи во трката за потписот на унгарскиот фудбалер, Бендегуз Ковач, кој игра за младинскиот состав на АЗ Алкмар. Централниот напаѓач кој неодамна наполни 19 години, во јануари годинава го облече дресот на младинскиот тим на АЗ Алкмар и постигна осум голови во 14 настапи. Ковач неочекувано се најде и на поширокиот списокот на селекцијата на Унгарија за контролни натпревари против Финска и Казахстан  закажани за јуни.

Read More

Медиумите во Италија наведуваат дека Рома сака да го задржи напаѓачот Паоло Дибала но, Аргентинецот не е задоволен од понудениот нов договор и затоа планира да си замине. Фудбалерот соочен со бројни повреди, одигра само 25 сезонски мечеви со ефект од 3 гола и пет асистенции. Тековниот  договор ќе му истече на 30 јуни. За Дибала е заинтересиран составот на Ривер Плата кој внимателно ја следи целата ситуација.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, откри дека никогаш не размислувал да го напушти стадионот – „Енфилд“. „Верувам дека во наредната сезона ќе бидеме во подобра позиција. Пред два месеца загубивме од Пари Сен Жермен и Манчестер Сити и тогаш стана јасно дека нема да освоиме ништо“ – рече Слот. „Прв пат во мојата кариера на крајот од сезоната не се борам за трофеј. Сепак, нема до го менувам моето однесување. Имавме што да научиме“ – рече тренерот на „црвените“.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, нема да и биде продаден на Барселона во текот на летото иако шпанскиот состав понудил 70 милиони евра. „Сините“ од Лондон немаат намера да се разделат со одличниот Бразилец кој беше една од светлите точки во тимот во сезоната која полека привршува. Напаѓачот се појави во 48 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 20 голови и направи 9 асистенции.

Read More