Медиумите во Италија наведуваат дека Рома сака да го задржи напаѓачот Паоло Дибала но, Аргентинецот не е задоволен од понудениот нов договор и затоа планира да си замине.
Фудбалерот соочен со бројни повреди, одигра само 25 сезонски мечеви со ефект од 3 гола и пет асистенции. Тековниот договор ќе му истече на 30 јуни.
За Дибала е заинтересиран составот на Ривер Плата кој внимателно ја следи целата ситуација.

