Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, проговори за ситуацијата со Килијан Мбапе и изјави дека е смирен во врска со незадоволството на напаѓачот од неговото време на играње.
„Тукушто го видов и му реков да се смири. Ова можеби изгледа како вест, но тој рече нешто за кое веќе разговаравме лично. Знам како е да се игра секој ден и како е да не се игра. Го разбирам.“ – рече Арбелоа.
„Знам дека не беше среќен и тоа ми се допаѓа. Не би разбрал ако Килијан не сакаше да игра. Тоа е нормално за мене. Не ме загрижуваше“ – рече тренерот на Реал Мадрид.

