Во однос на синоќешните видео-снимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство за спорт, сакаме да ја известиме јавноста дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот“ – стои во дел од објавата на Министерството за спорт.
-Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега се повторува. Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и се извинат на македонската јавност“ – се наведува подолу во текстот.
-Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран“ – стои на крајот на соопштението.

