Author: dino

NBA

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, ги сподели своите мисли за неговата кариера која засега минува без трофеи. „Сакам да победувам. Не сум освоил ништо а тоа боли. Но, враќањето дома, одгледувањето на мојот син и ќерка, гледањето во очи на сопругата и сознанието дека сум добар човек… тоа е навистина важно“ – рече 32-годишниот центар. Ембид во 10-годишна кариера никогаш не поминал подалеку од втората рунда од плејофот во НБА конкуренцијата.

Read More

Даниел Зиберт ќе го суди финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, кое ќе се одржи на Пушкаш Арена во Унгарија на 30 мај во 18:00 часот. Зиберт, 42, е меѓународен судија од 2015 година. Тоа ќе биде негово прво финале во клупско натпреварување на УЕФА. Тој судеше девет натпревари од Лигата на шампионите во сезонава вклучувајќи го првото четвртфинале меѓу Спортинг и Арсенал, како и реваншот од полуфиналето Арсенал – Атлетико Мадрид. Франсоа Летексиер од Франција ќе го суди финалето на Лигата на Европа помеѓу Фрајбург и Астон Вила, кое ќе се игра на Бешикташ…

Read More

Капитенот на Вест Хем, Џерод Бовен, се сомнева во одлуката на  (VAR) да го поништи голот за израмнување во судиското продолжение против Арсенал во Премиер лигата. Погодокот на Калум Вилсон кој можеше да им ја врати надежта на „чеканите“ дека ќе избегнат испаѓање од лигата, беше поништен поради прекршок врз голманот Дејвид Раја по долга проверка во ВАР собата. „Корнерите се физички момент. Премиер лигата се игра напорно. Затоа сите ја сакаат. Мора да очекувате контакт на корнерите. Ако донесете таква одлука, мора да досудите фаули за секој старт на светот“ – рече Бовен.

Read More
NBA

Ѕвездениот центар на кошаркарскиот состав Филаделфија, Џоел Ембид, се реши да проговори за наредната НБА сезона. Тој не знае со каков квалитет ќе располага тимот и кој ќе заврши во составот на Сиксерси. „Не знам дали ќе бидам тука. Што и да се случи“ – рече центарот. Кошаркарот ќе добие загарантирани 58 милиони долари за наредниот шампионат  а неговиот договор е валиден до сезоната 2028/29.

Read More
NBA

Првиот човек на Вашингтон, Мајкл Вингер, сака да направи за размена на првиот пик откако го обезбеди на драфтот на НБА во 2026 година. „Визардс“ кои се предвидува дека ќе го земат, Еј Џеј Дибанза, како прв избор во генералниот пласман, веројатно ќе се откажат од него и да одат на наредните двајца или тројца. Воедно има најава дека Јута која го држи вториот избор е исто така отворена за негова размена.

Read More

Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја вратија шампионската титула во Скопје, прегазувајќи го Еурофарм Пелистер со 34:19. По овој триумф Вардар сега има 56 бодови и на три кола до крајот на првенството и официјално го освои шампионскиот пехар, бидејќи второпласираниот Охрид има 48 бодови. Најефикасни во вардариот тим беа Митровиќ со осум голови и Малус со шест погодоци. Кај Пелистер, Кузмановски и Радивојевиќ постигнаа по пет гола.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна на УЕФА официјално е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии во Европа. Со ова назначување, Даневски на 1. јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка, мониторингот и развојот на елитните судии на УЕФА, како и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери од 55-те национални асоцијации членки на УЕФА. Во изминатите години, Даневски континуирано и посветено ја градеше својата меѓународна кариера во системот на УЕФА. Неговиот професионален пат започна како асистент тренер на курсеви за млади и талентирани судии, по…

Read More

Денеска на средба со новинарите беше најавено свеченото отворање на Плазма Спортските игри за млади кое ќе се одржи утре на Плоштад Македонија со почеток во 12 часот. На присутните им се обратија министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, извршниот директор на Плазма Спортските игри за млади, Славен Мариќ, генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Кустурица и извршниот директор на Шпаркасе Лизинг, Марјан Манчев. Во најмасовната младинска спортска манифестација во Европа годинава ќе бидат вклучени над 27.000 деца од нашава…

Read More

Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат дербито на тековното коло во Супер лигата. Мечот во СЦ Јане Сандански од 19.00 часот има големо значење за двата тима. „Црвено-црните“ се на чекор до враќање на титулата во престолнината и им треба само еден бод во завршните кола. Битолчани пак, ќе бараат бодови што ќе им ги задржат шансите да ја добијат битката со Охрид за второто место на табелата. Вечното ракометно дерби во веројатно исполнетиот дом на „Вардарци“, ќе го судат битолчаните, Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. Делегати ќе бидат Ацо Николовски и Игор Огненов.

Read More

Еден од најдобрите македонски скијачи, Мирко Лазарески, е суспендиран на 4 години поради присуство на недозволена супстанца, објави Министерството за спорт.  Станува збор за станозолол која не смее да се користи од страна на спортистите.  Одлуката е активна од 30 јануари 2026 до 29 јануари 2030 година. Ќе потсетиме дека Лазаревски кој во последен миг беше избришан од списокот за учество на Зимската Олимпијада во Милано-Кортина, има право да вложи жалба.

Read More