Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, ги сподели своите мисли за неговата кариера која засега минува без трофеи.
„Сакам да победувам. Не сум освоил ништо а тоа боли. Но, враќањето дома, одгледувањето на мојот син и ќерка, гледањето во очи на сопругата и сознанието дека сум добар човек… тоа е навистина важно“ – рече 32-годишниот центар.
Ембид во 10-годишна кариера никогаш не поминал подалеку од втората рунда од плејофот во НБА конкуренцијата.

