Ракометарите на Охрид ќе му гостуваат на тимот на Татабања во првиот финален меч во плеј-офот во ЕХФ Европскиот Куп. Денешната ждрепка сакаше „рибарите“ да гостуваат во Унгарија на првиот дуел на 23/24 мај а реваншот да го одиграат седум денови подоцна во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Нашиот тим има реална шанса да го повтори успехот на Алкалоид кој во изминатата сезона токму во ова натпреварување ја освои шампионската круна.
Author: dino
Македонскиот олимписки комитет (МОК) со гордост ја информира јавноста за големиот успех на нашиот олимписки стипендист, кајакарот Ангел Петрушев, кој изминатиов викенд во Липтовски Микулаш, Словачка, оствари резултати кои ја испишуваат историјата на македонскиот кајак. На престижниот 78. Меѓународен Татрански слалом, кој се одржува со децениска традиција, Петрушев успеа да го освои првото место, со што стана првиот Македонец во историјата кој победил на овој реномиран натпревар. Во исклучително силна конкуренција од 50 врвни светски натпреварувачи, Ангел покажа супериорност, дисциплина и врвна спортска форма. Успешниот викенд започна уште на 2 мај, кога на трката за ICF светскиот ранкинг, Петрушев го…
Лигата на фудбалските шампиони денеска ќе го добие првиот учесник во големото финале во Будимпешта. За таму, на стадионот – „Емирати“ ќе се борат Арсенал и Атлетико Мадрид. Англичаните покажа квалитет во патувањето низ Европа. Тимот прво ја освои групната фаза а потоа во елиминациите беше подобар од германскиот Баер Леверкузен и португалскиот Спортинг (Лисабон). Атлетико Мадрид со многу подеми и падови успеа да се протне до полуфиналето. Шпанците ги елиминираа англискиот Тотенхем и големиот ривал од Примера – Барселона. Арсенал: Раја; Вајт, Салиба, Габриел, Хинкапие; Зубименди, Рајс, Езе; Сака, Ѓокерес, Мартинели.Атлетико: Облак; Љоренте, Пубил, Ле Норманд, Ругери; Симеоне, Коке,…
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, откри какви фудбалери му се потребни на тимот за да биде конкурентен во наредната сезона. „Ни недостасува вистински квалитет во напаѓачката средина. Посебно во тој мал слободен просторот пред противничкиот шеснаесетник. Играч кој ќе дејствува од позадина“ – рече Спалети. Според најавите, Јуве ја разгледува можноста за ангажман на играчите на Сити, Бернардо Силва и Тијани Рајндерс како и на барем еден дефанзивец.
Фудбалерот на Рома, Еван Ндика, влегува во радарот на Барселона, најавуваат дел од медиумите во Италија. Наводно, Каталонците сакаат да ја засилат одбраната а како прв избор се наметнува токму играчот на „римската волчица“. Централниот дефанзивец има одлична сезона со што го привлече вниманието на повеќе европски гиганти.
Поранешниот играч на Арсенал, Роберт Пирес, проговори пред вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу лондонскиот клуб и Атлетико Мадрид. „Ќе биде многу дефанзивна игра, позиционирана од двете страни. Можеби ќе биде физички тешка и ќе биде нервозна“ – изјави Пирес, кој играше во единственото финале на Арсенал во Лигата на шампионите во 2006 година. Средбата Арсенал-Атлетико Мадрид ќе започне во 21.00 на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека неговиот тим може да обезбеди место во финалето во Лигата на шампионите. Неговата изјава доаѓа пред денешниот реванш-меч со Арсенал во Лондон. Првиот дуел во Шпанија заврши без победник. „Ќе се обидеме да одиграме на високо ниво. Имаме верба и знаеме што треба да направиме“ – рече Симеоне.
Лидерот во Формула 1, Мерцедес, најави дека е подготвен да премине на V8 мотори од 2030 или 2031 година, според зборовите на шефот на тимот Тото Волф. Претседателот на Светската автомобилска федерација, Мохамед бин Сулајем, изјави дека преминот од сегашните 1,6-литарски V6 турбо мотори на V8 мотори ќе се случи најдоцна до 2031 година, дури и без одобрение од конструкторите. „На долг рок, од перспектива на Мерцедес, ние сме отворени за регулативите за мотори“, објасни Волф.
Њујорк ја победи Филаделфија во првиот натпревар од серијата во второто коло со разлика од 39 поени (137:98). Резултатот им овозможи на Никси да станат првиот тим во историјата на НБА кој победил со најмалку 25 поени разлика на три последователни натпревари од плејофот. Серијата започна во првото коло против Атланта кога Њујорк го доби петтиот меч (126:97) и шестиот натпревар (140:89).
Кошаркарот на Минесота, Мајк Конли, по триумфот против Сан Антонио, го пофали ѕвездениот бек Ентони Едвардс, кој брзо ја санираше повредата на коленото. „Пред натпреварот, го нареков мој херој. Ентони е некој на кого треба да се угледаме поради сè што помина во текот на изминатата недела за да се подготви за првиот натпревар“ – рече ветеранот. „Никој не очекуваше тој да биде на теренот. Неговото ниво на посветеност на играта покажува колку почит има кон нас“ – рече Конли.
