Поранешниот играч на Арсенал, Роберт Пирес, проговори пред вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу лондонскиот клуб и Атлетико Мадрид.
„Ќе биде многу дефанзивна игра, позиционирана од двете страни. Можеби ќе биде физички тешка и ќе биде нервозна“ – изјави Пирес, кој играше во единственото финале на Арсенал во Лигата на шампионите во 2006 година.
Средбата Арсенал-Атлетико Мадрид ќе започне во 21.00 на стадионот „Емирати“ во Лондон.

