Њујорк ја победи Филаделфија во првиот натпревар од серијата во второто коло со разлика од 39 поени (137:98).
Резултатот им овозможи на Никси да станат првиот тим во историјата на НБА кој победил со најмалку 25 поени разлика на три последователни натпревари од плејофот.
Серијата започна во првото коло против Атланта кога Њујорк го доби петтиот меч (126:97) и шестиот натпревар (140:89).

