ФФМ по разни основи покрена дисциплинска постапка против екипата на Тиквеш. Станува збор за однесувањето на домашната публика на дуелот против Арсими, употреба на пиротехнички средства, како и истакнување на банер со навредлива содржина. Пред дисциплинската комисија е предаден и Имран Фетаи, играчот на Шкендија како и неговиот тренер, Јетон Беќири. Фудбалерот по дуелот со Силекс во Кратово, оштетил дел од инвентарот во службените простории.Тренерот пак на Шкендија, Јетон Беќири, со навредливи зборови се обратил кон полицијата, било наведено во записникот.
Author: dino
Младата и талентирана, Изабела Цепак, ќе ги брани боите на Македонија на претстојните меѓународни натпреварувања во борење, соопшти денеска МОК. Таа доаѓа со одлично искуство и забележителни резултати од САД настапувајќи за средното училиште „Саут Лајон Ист“ во Мичиген. Имаше 33 победи – од кои дури 29 со туш. Нејзиниот квалитет е потврден и со бројните државни и регионални признанија. „Со нетрпение очекувам нови предизвици и медали под македонското знаме. Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Македонија со гордост“ – изјави Цепак
Фудбалска федерација на Македонија ја информираше јавноста дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на нашата „А“ репрезентацијата. Тоа значи дека селекторот, Гоце Седлоски ќе треба да ангажира ново име. Воедно ФФМ ја прекина соработката и Љупчо Трајковски, кој е спортски директор на Тиквеш. Тој имаше ангажман во Спортската академија на ФФМ и воедно како асистент во репрезентацијата до 15 години.
Тренерот на ракометарите на Охрид, Борис Ројевиќ, откри дека левото крило, Адама Кеита, ќе биде еден од новите играчи за наредната сезона. „Можам да кажам дека доаѓа Адама Кеита, поранешен играч на Пари Сен Жермен кој две сезони ги бранеше боите на АЕК. Ќе видиме дали ќе можеме да го задржиме Јасухира и дали ќе доведеме некој друг“ – истакна Ројевиќ. Кеита кој неколку сезони настапуваше за „светците“ во Франција, сигурно ќе биде големо засилување за македонскиот состав.
Лидерот на Детроит, Кејд Канингем, се осврна на победата против Орландо со 4-3 и пласманот во наредната фаза во НБА лигата. „Тие нè доведоа до крајни граници и тоа нè натера навистина да размислиме како играме и зошто победивме на толку многу натпревари во регуларната сезона“ – рече Канингем. Детроит иако губеше со 3-1 во серијата, успеа да направи голем пресврт и да остане на курсот кон титулата. Сега противник ќе му биде составот на Кливленд.
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја започне плејоф серија против Оклахома Сити без големата ѕвезда, Лука Дончиќ, велат последните информации од САД. Плејмејкерот сè уште не е подготвен да се врати на теренот. Според одредени извори, неговото закрепнување е бавно. Тој работи но, сè уште не учествува во целосен тренинг. Интернационалецот од Словенија е надвор од терените од 2 април поради истегнување на тетивата.
Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, вели дека Тотенхем сосема заслужено излезе како победник од вчерашниот меч одигран во Премиер-лигата. „Се соочивме со тим кој играше фантастично. Им беа потребни бодовите и се бореа за да ги освојат. Тотенхем доминираше во првото полувреме, ние не заслужувавме ништо повеќе“ – рече Емери. „Мораме да го прифатиме поразот. Во второто полувреме реагиравме но, тоа не беше доволно. Тие беа многу подобри на теренот“ – потенцираше Емери.
Манчестер Јунајтед со вчерашната победа против Ливерпул си обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвените ѓаволи“ победија со 3:2 а нивниот менаџер, Мајкл Карик, потенцира дека е пресреќен со остварената цел. „На некој начин сум горд. Да бидам искрен, во еден момент таа цел изгледаше далеку. Сега сакаме да завршиме повисоко на табелата“ – рече тренерот од „Олд Трафорд“.
Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, зборуваше за освоеното 15-то место на трката во Мајами и за шансите на тимот за претстојните фази. „Брзината е таква каква што е. Во тешка позиција сме но, тимот успеа да заврши со двата болида за прв пат годинава. Има напредок во однос на сигурноста и вибрациите, има и позитивни аспекти.“ – рече Алонсо. „Тимот и јас треба да работиме заедно и да се радуваме на втората половина од сезоната. Верувам дека ќе донесеме повеќе функции по летната пауза“ – рече Алонсо.
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучано Спалети, вели дека не е задоволен по ремито со Верона бидејќи неговиот тим загуби драгоцени бодови во трката за Лигата на шампионите. „Јасно е дека сме разочарани, жално е тоа што ни се случува. Немавме среќа да го завртиме резултатот бидејќи не можете секогаш да контролирате се“ – рече Спалети. „Имавме работи што се гледаат кај децата, работи што се премногу банални. Потоа во второто полувреме ги притиснавме“ – рече тренерот на „старата дама“.
