Манчестер Јунајтед со вчерашната победа против Ливерпул си обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона.
„Црвените ѓаволи“ победија со 3:2 а нивниот менаџер, Мајкл Карик, потенцира дека е пресреќен со остварената цел.
„На некој начин сум горд. Да бидам искрен, во еден момент таа цел изгледаше далеку. Сега сакаме да завршиме повисоко на табелата“ – рече тренерот од „Олд Трафорд“.

