Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја започне плејоф серија против Оклахома Сити без големата ѕвезда, Лука Дончиќ, велат последните информации од САД.
Плејмејкерот сè уште не е подготвен да се врати на теренот. Според одредени извори, неговото закрепнување е бавно. Тој работи но, сè уште не учествува во целосен тренинг.
Интернационалецот од Словенија е надвор од терените од 2 април поради истегнување на тетивата.

