Author: dino

Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, не е задоволен од играта на првиот мечот со Жалгирис во Евролигата иако неговиот тим славеше со 89:78. „Се чини дека можеме да ја играме нашата кошарка но, не разбирам што ни се случува. Така беше во Маниса, во Лион а сега и тука“ – рече Литванецот алудирајќи дека неговиот тим откако ќе направи двоцифрена предност влегува во хаотична игра. Вториот натпревар од серијата ќе се реализира денеска во Турција.

Read More

Фудбалерот, Коби Мајно, ќе заработува значително повеќе пари откако ќе ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед за пет сезони. Според „Дејли меил“, платата на 21-годишниот играч од средниот ред ќе се зголеми од 20.000 на 150.000 фунти неделно. Тој играше на 24 натпревари во сезонава во Премиер лигата на кои направи две асистенции.

Read More

Централниот дефанзивец на Тотенхем, Кристијан Ромеро, може да добие понуда да се пресели во  редовите на Барселона, наведуваат медиумите во Англија. Шпанците исконтактирале со претставниците на Аргентинецот кој во договорот има посебна клаузула. „Спарси“ се во незавидна ситуација во Премиер-лигата и доколку не успеат да обезбедат опстанок, веројатно дел од фудбалерите ќе си заминат.

Read More

Претставниците на Интер се согласија со условите што ги постави голманот на Тотенхем, Гиљермо Викарио, објави „Газета дело Спорт“. Тој треба да биде замена за  Јан Зомер кој ќе си замине на крајот на шампионатот откако ќе му истече договорот. Викарио во сезонава има 43 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања. Тој има искуство од Серија „А“ бидејќи на времето играше за Емполи.  

Read More

Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), започна Олимписката обука за напреден спортски менаџмент за 2026 година, која се одржа во просториите на Олимпискиот дом. Обуката официјално ја отвори и ги поздрави присутните претседателот на МОК, Даниел Димевски. Поздравно обраќање до учесниците имаше и генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, кој им посака успешна работа во претстојниот период. На агендата за првиот ден беше реализацијата на првиот модул: „Вовед во Олимписката обука за напреден спортски менаџмент“, под водство на д-р Сашо Поповски. Оваа престижна програма, која претставува темел за професионален развој на спортските кадри, ќе трае…

Read More
NBA

Koшаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, доби комплименти од легендарниот Шекил О’Нил откако неговиот тим го елиминираше Портланд со 4-1 во плеј-офот во НБА лигата. „Мислам дека Вемби е првиот совршен висок играч што некогаш сме го имале. Може да шутира, може да игра одбрана, може да игра напад, тој е одличен тимски играч. Среќен сум за него.“ – рече прославениот кошаркар. „Обично не ми се допаѓа начинот на кој играат високите кошаркари денес. Но, ми се допаѓа неговиот стил, тој е совршен“ – сподели О’Нил.

Read More
NBA

Кошаркарот на Хјустон Рокетс , Џабари Смит, даде моќна изјава в пресрет на петтиот натпревар од серијата против Лејкерс нагласувајќи ја нивната супериорност врз противникот. „Очигледно сме посилни како тим. Мислам дека сме подобри во секој поглед. Можете да кажете дека тоа е само мое мислење или дека сум пристрасен но, навистина мислам дека сме посилни“ – рече 22-годишникот. Зборовите на Смит се малку изненадувачки ако се земе в предвид дека неговиот тим е пред елиминација бидејќи Лејкерс води со 3-1.

Read More

Актуелната светска шампионка на 800 метри, Лилијан Одира, се стреми кон титула во Дијамантската лига, како и кон Игрите на Комонвелтот и Светското првенство во 2026. „Оваа година сакам да се натпреварувам во повеќе настани од Дијамантската лига а целта е да стигнам до финалето“, рече Одира. „Исто така, ќе се натпреварувам во квалификациите за Игрите на Комонвелтот. Ако влезам во тимот, ќе бркам медал“ – рече атлетичарката од Кенија.

Read More

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, со нетрпение го чека денешниот меч со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. „Сите се мотивирани. Мора да примениме сè што научивме од минатото за да се подобриме“ – рече Одегард. „Атлетико е силен тим кој може да игра на повеќе начини. Да, мислам дека сме посилни од порано во различни аспекти“ – рече играчот на „топчиите“.

Read More

Голманот на ПСЖ, Матвеј Сафонов, се огласи по победата против Баерн (5:4) во првиот полуфинален натпревар од  Лигата на фудбалските шампиони. „Мислам дека токму за вакви натпревари велат дека можете да ги изброите на прсти во кариерата. Првиот дел од шоуто заврши, се подготвуваме за вториот“, напиша Сафонов на социјалните мрежи. Реваншот меѓу францускиот состав и Баварците ќе биде одигран на 6 мај во Германија.

Read More