Поранешниот напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели, изјави дека клубот од Торино не треба да го ангажира Роберт Левандовски поради неговите години. Претходно се појави информација дека Јувентус е заинтересиран за напаѓачот на Барселона. „Според мене, тоа би испратило погрешна порака до навивачите и системот на Јувентус. Тоа би бил чекор назад. На Јувентус му се потребни играчи кои сакаат да изградат кариера“ – рече Раванели.
Author: dino
Евентуалното заминување на Рафа Леао ќе му овозможи на Милан да изгради супер-напад, проценуваат медиумите во Италија. Не е тајна дека голгетерот е трансферна цел на Манчестер Јунајтед но, преговорите меѓу двата клуба сè уште не се започнати. Познато е дека Милан сака само пари за потписот на Лаео иако не се исклучува можност во целиот процес да биде вметнат и некој фудбалер на англискиот состав.
На свечената церемонија на затворањето на Светското училишно првенство во ракомет, одржана во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Македонскиот олимписки комитет (МОК) доби посебно високо признание. Федерацијата на училишен спорт на Македонија му додели почесна Благодарница на МОК за особен придонес и поддршка во успешната реализација на овој врвен меѓународен спортски настан. Во име на Македонскиот олимписки комитет, благодарницата официјално ја прими Раководителот на сектор спорт, Петар Спасеновски. Признанието му беше врачено лично од претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска. Со доделувањето на ова признание, Федерацијата јасно ја изразува својата благодарност за континуираната поддршка од страна на…
Македонската кадетска репрезентација е победник на Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски го освоија златниот медал откако во финалето славеа против Израел со 38-32. Македонските кадети супериорни на првенството и со максимален ефект дојдоа до највисокото место на пиедесталот.
Македонската женска кадетска репрезентација го освои сребредниот медал на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје. Во финалето нашите надежи беа совладани од Хрватска со 28-26. Toa беше прв пораз за „црвено-жолтите“ кои досега забележаа пет победи. Македонија во самиот финиш дојде на негатива од еден гол но, направи три грешки што им овозможи на Хрватките да го добијат мечот.
Федерацијата на училишен спорт на Македонија излезе со честитка за нашите репрезентации кои со денешните победи си обезбедија место во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Ракометарите утре ќе играат против Србија за место во финалето додека ракометарките ќе одат на мегдан со Романија. „Како Федерација на училишен спорт на Македонија не можеме да бидеме погорди. На двата меча трибините во салите „Македонски Херои“ и „Македонско Сонце“ беа исполнети. Среќни сме за што овој прв историски голем настан за спортска Македонија во рамки на училишен спорт има голема заинтересираност. Денеска нашите две селекции имаа…
Алекс Маркез ја освои домашната трка за Големата награда на Мото ГП во Шпанија со што ја прекина серијата од пет победи на Марко Беџеки. Возачот на Гресини Дукати го презеде водството на средина од вториот круг кога го престигна неговиот брат Марк. Денеска втор заврши Беџеки пред Фабио Ди Џанантонио. Првата петорка за затворија Хорхе Мартин и Аи Огура. Сезоната во Мото ГП ќе продолжи за две недели со трката за Големата награда на Франција на патеката Бугати во Ле Ман.
По кратко боледување, почина познатиот спортски работник Љупчо Јаневски. Тој во последниот период ја имаше улогата на делегат-контролор во македонскиот ракомет откако долги години беше и реномиран судија. Јаневски беше препознатлив по неговата професионалност и посветеност на ракометот и често пати беше дел од големите дерби мечеви во домашниот шампионат.
Ракометарите на Охрид доцна синоќа загубија кај Целје со 27:26 во првиот меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. По дуелот во Словенија, тренерот на нашиот тим Борис Ројевиќ, изјави дека мечот бил максимално квалитетен и борбен а домаќинот покажал дека е одличен состав. „Честитки за моите момци на една извонредна партија и на еден извонреден карактер. Се вративме од „минус шест-седум“ голови негатива и направиме активен резултат пред реваншот во Охрид“ – рече Ројевиќ Победникот од пресметката Целје-Охрид, во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Татабања (Унгарија) кои допрва ќе ја имаат воведната…
Ракометарите на Охрид претрпеа минимален пораз на гостувањето кај Целје во првиот меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Во салата – „Златорог“ по голема борба словенечкиот тим забележа победа со 27:26. Кај домаќинот се издвои Анџиќ со осум голови додека во нашиот состав Ѓукиќ имаше пет погодоци. Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран на 2 мај во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.
