Крилниот напаѓач на Нотингем Форест, Калум Хадсон-Одои, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако беше подложен на операција на тетивата, објави клубот од Премиер лигата. 25-годишникот се повреди во реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа против Порто.Тој во сезонава има 43 мечеви со ефект од 6 голови и четири асистенции. „Крилниот напаѓач беше опериран и веднаш ќе започне со рехабилитација. Се очекува Калум да се врати на целосен тренинг за време на предсезоната“, се вели во соопштението.
Author: dino
Менаџерот на Челзи, Лиам Росениор, не беше расположен да го коментира поразот на гостувањето кај Брајтон во меч од Премиер лигата на Англија. „Поставете им ги прашањата на играчите. Без разлика дали играте за елитен фудбалски клуб или за некој друг, неприфатливо е да се откажувате. Тоа е сè што ќе кажам“ – рече разочарано Росениор. „Не станува збор за мене, туку за овој фудбалски клуб. Челзи претставува борба, желба и решителност. Тоа апсолутно недостасуваше вечерва“ – нагласи тренерот на „сините“.
Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Џејлен Хорд, би можел да влезе во преговори со луѓето од Дубаи иако неколку клубови се заинтересирани за неговиот потпис. 27-годишниот Американец има договор со израелскиот состав во кој е вметната откупна клаузула вредна околу 600.000 евра. Хорд во регуларна сезона во Евро-лигата имаше во просек 11,7 поени и 7,1 скок по натпревар.
Поранешниот возач на Формула 1, Дејвид Култхард, се надева дека Макс Верстапен ќе остане во Формула 1 и нема да го напушти шампионатот поради незадоволство од перформансите на новите болиди. „Макс е вистински тркачки возач. Ако Ред Бул никогаш повеќе не го освои шампионатот, заедно ги постигнаа целите“ – рече Култхард. „Се надевам дека ќе остане во Формула 1. На крајот на краевите тој останува репер за другите“ – потенцираше Британецот.
Кошаркарот на Детроит, Џејлен Дуран, го коментираше стартниот пораз од Орландо во плеј-офот во НБА лигата. Тој постигна само четири кошеви. „Тоа е моја вина. Треба да бидам подобар. Се познаваме добро. Веруваме дека нашиот тим е подобар само треба да играме попаметно“ – рече Дурант. „Не го покажавме нашето ниво во првиот натпревар. Уверен сум дека ќе се вратиме во вториот и ќе одговориме на начинот на кој го правевме тоа во целата сезона“- нагласи играчот на Детроит.
По одржувањето на техничкиот состанот , одредени се термините за настап на нашите репрезентациии на Светското првенство во училишен ракомет. Машката кадетска репрезентација која ќе ја предводи Горан Кузманоски своите натпревари ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“, прво против Бугарија, па против Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија. 22 априлМакедонија – Бугарија (10:30 часот)23 априлГрузија – Македонија (08:30 часот)24 априлРепублика Српска – Македонија (10:30 часот)26 априлСаудиска Арабија – Македонија (12:30 часот) Согласно системот на натпреварување првопласираните селекции од четирите групи одат во полуфиналето. Што се однесува до девојките на Даниела Новеска, натпреварите ќе се одиграат во Гази Баба во салата „Крсте…
Манчестер Јунајтед упати понуда за централниот дефанзивец на Спортинг Лисабон, Осман Диоманде. Доколку истата биде прифатена, 22-годишникот може да му биде партнер во одбраната на Хари Мегваер кој деновиве го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“. Корпулентниот стопер кој е висок 191 сантиметар треба да биде замена за Матијас де Лихт кој има сериозни проблеми со грбот.
Челниците на фудбалскиот состав Арсенал најавија дека во текот на летото ќе бидат максимално активни на трансфер-пазарот. Медиумите во Англија потенцираат дека нивна главна цел ќе биде напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Аргентинецот е универзален напаѓач кој може да дејствува на двете страни од теренот а може да игра и во центарот.
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, гласаше за Александар Везенков во изборот за најкорисен играч во регуларната сезона на Евролигата. Американецот го именуваше бугарскиот крилен играч на Олимпијакос за најкорисен играч (MVP) во регуларната сезона во елитното клупско натпреварување на стариот Континент. Нан ја доби таа награда за претходната сезона па неговото гласање има дополнителна тежина.
Во вториот натпревар од серијата против Торонто, ѕвездата на Кливленд, Џејмс Харден имаше 4 асистенции. Токму таа бројка му овозможи да го помине Раџон Рондо на листата за асистенции во плејофот, искачувајќи се на седмото место со вкупно 1.139. Од активните играчи пред Харден останува само ветеранот во редовите на Лејкерси, Леброн Џејмс (2.108).
