Author: dino

NBA

Голден Стејт Вориорс може да се обидат да го добијат главниот тренер на Универзитетот во Флорида, Тод Голден, доколку актуелниот предводник на тимот, Стив Кер си поднесе оставка. 40-годишникот е тренер на „Гејторс“ од 2022 година и го водеше тимот до титула во 2025 година. Пред тоа, Голден помина три сезони (2019 до 2022 година) како главен тренер на Универзитетот во Сан Франциско.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, се гледа како можен стратег на клупата на Реал Мадрид, најавија дел од медиумите во Шпанија. „Кралевите“ по лошата сезона дефинитивно ќе мора да бараат замена за Алаваро Арбелоа. Затоа името на Емери котира високо на листата на „белите“. Неговата кариера е обележана со успеси посебно во Лигата на Европа.

Read More

Од утре во Скопје ќе започне Светското училишно првенство во ракомет, со учество на 36 селекции. Македонските тимови добија атрактивни групи. Во машкиот дел ќе играме со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Ракометарките ќе бидат во друштво на Белгија, Грузија и Словачка. Свеченото отворање ќе биде денеска на Плоштад Македонија со почеток во 19:30 часот.

Read More

Врз основа на доставениот записник и делегатски извештај од натпреварот помеѓу ФК Башкими 1947 Куманово и ФК Струга Трим Лум Струга, одигран во рамки на 28. коло од Прва МФЛ, на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, Комисијата за натпревари при ФФМ констатира сериозни нарушувања на редот и безбедноста по завршувањето на натпреварот. Имено, по завршување на средбата, додека делегатот и судиската екипа сè уште се наоѓале на теренот, настанал инцидент во кој биле нападнати играчи и претставници на гостинската екипа од страна на лица поврзани со домашниот клуб и редарската служба. Во инцидентот се вклучило и лицето Бурак…

Read More

Француската кошаркарска легенда, Лоран Скиара, се осврна на најавите дека тренерот на Вилербан, Пјерик Пупе, ќе биде заменет со сопственикот на тимот, Тони Паркер, кој сака да седи на клупата. „Жал ми е за Пјерик. Можеби на Тони му станува здодевно? Мислам дека наскоро ќе увиди дека е подобро да се грижи за коњите отколку да ги дресира. Да се ​​биде тренер е луда работа“ – рече Скиара. Екипата на Вилербан имаше катастрофален настап во Евро-лигата додека во француското првенство се наоѓа на 5-то место со ефект од 16 победи и 9 порази.

Read More
NBA

Легендарниот НБА играч, Шакил О’Нил, верува дека Оклахома Сити може да ја освои втората шампионска титула по ред доколку не се соочи со Сан Антонио во плејофот. „Нивната култура е слична на таа на Спарси… Има само еден тим што навистина ме загрижува за нив а тоа е Сан Антонио. Мислам дека можат да ја освојат шампионската титула ако не се соочат со Спарси“, рече поранешниот центар. Оклахома Сити и Сан Антонио се први и втори носители на Западот и можат да се сретнат само во финалето на конференцијата.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембид, веројатно ќе ја пропушти серијата против Бостон во првото коло од разигрувањето за титулата. Според анализите, малку е веројатно дека ќе го видиме наскоро бидејќи сè уште се опоравува од операцијата. Медиумите наведуваат дека ситуацијата е прилично неизвесна бидејќи не започнал ниту со тренинзи. Ембиид претходно го пропушти турнирот во плеј-ин откако беше подложен на операција на слепо црево. Последен пат играше на 6 април против Сан Антонио.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, заработи нова повреда на викенд -дербито со Арсенал. Тој ќе биде подложен на допонителни тестови. Родри пропушти значаен дел од првата половина од сезоната поради повреда на тетивата и практично целата сезона 2024/2025 поради скинат преден вкрстен лигамент. Доколку проблемот се покаже како посериозен, тоа би можело да го загрози неговото учество на Светското првенство во текот на летото во САД, Канада и Мексико.

Read More

Легендата на Арсенал, Патрик Виеира, се осврна на вчерашниот пораз на „топчиите“ во дербито против Манчестер Сити.  Според поранешниот капитен, менаџерот,  Микел Артета, направил клучна грешка кога го повлече од теренот Еберечи Езе во 74-тата минута. Виеира призна дека е „разочаран“ од одлуката на Шпанецот да го замени англискиот репрезентативец со Леандро Тросар. „Езе влегуваше и создаваше шанси. Беше навистина интересно бидејќи играше многу со топката. Бев малку разочаран, да бидам искрен, што беше повлечен од теренот“ – рече  Виеира.

Read More

Навивачи на Наполи побараа тренерот Антонио Конте да поднесе оставка по разочарувачкиот пораз од Лацио на стадионот Марадона. Според „Ла Газета дело Спорт“, тоа беше веројатно најлошиот настап на Наполи под водство на тренерот кој го освои Скудетото во сезоната 2024-25. Иако „Неаполитанците“ сè уште изгледаат сигурни дека ќе се квалификуваат за Лигата на шампионите, имаше повици Конте да го напушти клубот поради низа настани во последните недели.

Read More