Легендарниот НБА играч, Шакил О’Нил, верува дека Оклахома Сити може да ја освои втората шампионска титула по ред доколку не се соочи со Сан Антонио во плејофот.
„Нивната култура е слична на таа на Спарси… Има само еден тим што навистина ме загрижува за нив а тоа е Сан Антонио. Мислам дека можат да ја освојат шампионската титула ако не се соочат со Спарси“, рече поранешниот центар.
Оклахома Сити и Сан Антонио се први и втори носители на Западот и можат да се сретнат само во финалето на конференцијата.

