Легендата на Арсенал, Патрик Виеира, се осврна на вчерашниот пораз на „топчиите“ во дербито против Манчестер Сити.
Според поранешниот капитен, менаџерот, Микел Артета, направил клучна грешка кога го повлече од теренот Еберечи Езе во 74-тата минута. Виеира призна дека е „разочаран“ од одлуката на Шпанецот да го замени англискиот репрезентативец со Леандро Тросар.
„Езе влегуваше и создаваше шанси. Беше навистина интересно бидејќи играше многу со топката. Бев малку разочаран, да бидам искрен, што беше повлечен од теренот“ – рече Виеира.

