Author: dino

Ракометарите на Вардар и на Охрид ќе играат в недела во големото финале во Купот на Македонија. Мечот ќе започне во 20.00 часот.  На завршниот Ф4 турнир во салата – „Парк“ во Струмица, „црвено-црните“ денеска беа убедливи против Алкалоид со 33 спрема 28 додека „рибарите“ го совладаа составот на Еурофарм Пелистер со 26 спрема 19. Утре на истата локација ќе бидеат одиграни полуфиналните мечеви во женскиот дел. Од 17.00 Пелистер против Ѓорче Петров додека во вечерниот термин Спартак ќе игра со Чаир. Финалето кај ракометарките ќе биде в недела во 17.00 часот.

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде во групата „Б“ на „EHF EURO 2026“ што ќе се одигра кон крајот на годинава во декември. Во нашата група се сместија и селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Натпреварите ќе бидат одиграни во романскиот град, Клуж. Еве како изгледаат другите групи.Група „А“ –Унгарија, Црна Гора, Словенија и ИсландГрупа „Ц“ – Данска, Шпанија, Турција и ГрцијаГрупа „Д“ – Холандија, Чешка, Австрија и ХрватскаГрупа „Е“ – Франција, Полска, Фарски Острови и УкраинаГрупа „Ф“ – Шведска, Германија, Словачка и Србија ЕП е се одржи од 3 до 20 декември а домаќини ќе бидат Полска, Романија, Чешка,…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за спот Борко Ристовски денеска во Владата оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој е во официјална посета на Македонија, на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. „Денеска остварив средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, каде што разговаравме за визијата, развојот и перспективите на фудбалот. Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти“, изјави премиерот Мицкоски. „Убеден сум дека оваа средба ќе придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за…

Read More

Атлетико Мадрид вечер од 21.00 часот ќе ја пречека Барселона во реванш од 1 /4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Домаќинот има предност на хартија од 2-0 обезбедена на првиот меч со што ја отвори вратата за влез во наредната фаза. Каталонците, пак, ќе треба да направат голем подвиг за да обезбедат место во полуфиналето. Тоа ќе биде шестиот натпревар меѓу големите ривали во тековнава сезона, што е мал куриозитет.  Домаќините ќе бидат без казнетиот Марк Пубил како и без повредените Давид Ханцко и Хозе Марија Хименез. Во тимот се враќаат Јан Облак, Робин Ле Норманд и Пабло…

Read More

Ливерпул и Пари Сен Жермен вечер на Енфилд ќе се соочат во реваншот од 1/4-финалето на Лигата на шампионите. „Црвените“ немаат простор за калкулација откако го загубија првиот меч во Франција со 2-0. Ливерпул игра топло-студено без победнички континуитет што пак, оди на рака на противникот кој да не заборавиме дека е бранител на европскиот трон. Англичаните и французите досега се сретнале седум пати во европските конкуренции. Парижаните имаат 4 победи а Ливерпул три. За домаќинот веројатно ќе стартуваат: Мамардашвили; Фримпонг, Конате, Ван Дајк, Керкез; Гравенбер, Мек Алистер; Салах, Собослаи, Вирц; Екитике. За ПСЖ се очекуваат: Сафонов; Хакими, Маркињос, Пачо,…

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис и тренерот, Антонио Конте, ќе имаат средба веднаш по завршување на сезоната откако се појавија шпекулации дека Конте може да стане селектор на Италија. Контроверзниот бизнисмен призна дека нема да го спречи неговиот тренер доколку одлучи да го напушти клубот за повторно да ја преземе италијанската репрезентација. Ќе потсетиме дека „Аѕурите“ неодамна се разделија со Џенаро Гатузо по болната елиминација од БИХ во баражите за Мундијалот.

Read More

Манчестер Јунајтед во текот на летото ќе има подготвителни мечеви во Финска, Норвешка, Шведска и Ирска, стои во објавата на тимот од „Олд Трафорд“.   „Црвените ѓаволи“ на 18 јули во Хелсинки ќе играат со Рексам. Потоа ќе се соочат со Розенборг во норвешкиот град Трондхајм а на 1 август со Атлетико Мадрид во Стокхолм. Во Шведска ќе имаат уште еден меч и тоа против Пари Сен Жермен во Гетеборг. Англискиот гигант завршниот контролен меч ќе го има на 12 август и тоа во Даблин против екипата на Лидс.

Read More

Екипите на Челзи и на Манчестер Јунајтед покажуваат дека се заинтерсирани за ангажман на фудбалерот на Нотингем Форест, Муриљо, наведуваат медиумите во Англија. 23-годишниот стопер во 2023 година го напушти бразилскиот состав Коринтијанс и се пресели во редовите на „шумарите“. Тој има договор до 2029 година но, проценките велат дека понуда од 60 до 70 милиони фунти може да ги натера челниците на тимот да го продадат.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, се осврна на поразот од Реал Мадрид. Тоа беше петтиот последователен за турскиот тим во Евро-лигата. „Мислам дека посветеноста беше навистина добра. Сепак, не си ја завршивме работата во многу моменти а противникот наоѓаше добри решенија“ –рече Литванецот. Фенербахче кој во последнаста рунда ќе игра со Вилербан, сега се спушти на четвртото место на табелата со ефект од 23 победи и 14 порази.

Read More
NBA

Кошаркарот на Кливленд, Џејмс Харден, вели дека размислува само за пехарот во НБА лигата и дека не го интересираат индивидуалните награди. „Работам напорно. Тука сум со причина. Освојувањето на шампионатот е главната цел и затоа ќе продолжам да се обидувам додека тоа не се случи“ – рече Харден. „Доаѓањето во Кливленд е шанса да ја постигнам мојата цел. Само се обидувам да најдам начин и да го постигнам тоа“ – потенцираше Харден.

Read More