Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис и тренерот, Антонио Конте, ќе имаат средба веднаш по завршување на сезоната откако се појавија шпекулации дека Конте може да стане селектор на Италија.
Контроверзниот бизнисмен призна дека нема да го спречи неговиот тренер доколку одлучи да го напушти клубот за повторно да ја преземе италијанската репрезентација.
Ќе потсетиме дека „Аѕурите“ неодамна се разделија со Џенаро Гатузо по болната елиминација од БИХ во баражите за Мундијалот.

