Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде во групата „Б“ на „EHF EURO 2026“ што ќе се одигра кон крајот на годинава во декември. Во нашата група се сместија и селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Натпреварите ќе бидат одиграни во романскиот град, Клуж.
Еве како изгледаат другите групи.
Група „А“ –Унгарија, Црна Гора, Словенија и Исланд
Група „Ц“ – Данска, Шпанија, Турција и Грција
Група „Д“ – Холандија, Чешка, Австрија и Хрватска
Група „Е“ – Франција, Полска, Фарски Острови и Украина
Група „Ф“ – Шведска, Германија, Словачка и Србија
ЕП е се одржи од 3 до 20 декември а домаќини ќе бидат Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

