Author: dino

NBA

Првата ѕвезда на Сан Антонио, Виктор Вембањама, не го заврши мечот против Филаделфија поради модринка на реброто. Центарот во втората четвртина имаше дуел со Пол Џорџ, по што замина во соблекувалната. Тој по кратко време се врати на паркетот но, не можеше да издржи и реши да се повлече. Вембањама до тој миг имаше 17 кошеви, 5 скокови и три блокади. Французинот има реализирано 63 средби Во сезонава.

Read More

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, се насочи кон мечевите со Реал Мадрид и Апоел Тел Авив во Евролигата. „Мислам дека нема сомнение дека сите ја знаат важноста на претстојниот натпревар и можностите на нашиот противник. Тие имаат една од најдобрите одбрани“ – рече Барцокас за шпанскиот тим. „Да се ​​биде на клупата на тим како Олимпијакос е многу тешко, но, ми се допаѓа. 300 натпревари се многу во Евролигата“ – потенцираше тренерот на грчкиот состав.

Read More

Хуан Пабло Монтоја, поранешниот возач на Формула 1, имаше само пофалби за младиот Кими Андреа Антонели. „Мислам дека Антонели имаше голема среќа што ја освои трката во Кина, но генерално се покажа многу добро. Во меѓувреме, ќе победеше во Јапонија без разлика на безбедносното возило“ – рече Монтоја. „Ме измачува прашањето дали Мерцедес се обидува да ги задоволи сите негови потреби со промената на болидот“ – потенцираше Монтоја.

Read More

Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ги сподели своите очекувања за гостувањето на Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Реал е уникатен по тоа што може да создаде можности за гол од секоја ситуација. Најважно ќе биде да ги покажеме нашите силни страни“ – рече Кимих. „Кејн е многу важен за тимот, тоа е јасно. Тој е огромен фактор во нашата игра. Се надевам дека ќе ги покаже своите најдобри квалитети“ – рече играчот на Баварците.

Read More

Дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Максимилијано Араухо, изрази оптимизам пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал. „Знаеме дека ќе биде многу тешко, но ние сме подготвени. Во добра фаза сме од сезоната. Верувам дека ќе има одлични натпревари“, рече Араухо. „ Имаме шанса да се квалификуваме во полуфинале за прв пат во историјата на клубот. Сепак, ние сме целосно фокусирани“, нагласи дефанзивецот на „зелено-белите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучано Спалети, се осврна на победата против Џенова во меч од Серија „А“. „Игравме без вистински тренинг. Играчите се вратија од националните селекции, имаа два дена одмор а потоа кратки тренинг сесии. Излегоа на теренот да се шетаат“  – рече Саплети. „Не треба да има да има толку голема разлика во нашата игра . Во фудбалот сè зависи од моментите – ако се досуди пенал, натпреварот станува тежок“ – потенцираше тренерот на „старата дама“.

Read More

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, се обиде да објасни што се случува со Ромелу Лукаку, кој поради повреда одлучи да остане во Белгија без одобрение на клубот. „Никој немаше да го спречи да работи со своите лекари. Само сакавме да разговараме за тоа во Неапол. Интегритетот, почитта и вредностите на тимот се над сè друго“ – рече Мана. „Мислам и се надевам дека ќе се врати за една недела. Тој знае дека ќе има последици“ – беа зборовите на Мана.

Read More

Нашиот таеквондист, Дејан Георгиевски, успеа да дојде до златниот медал на силниот меѓународен Г1 турнир кој се реализира во Скопје. Тој до највисокото место на пиедесталот дојде со четири победи и тоа против Абдула Ал Магди од Австрија, Иван Шапина и Пашко Вожиќ од од Хрватска и Илиа Рудерман од Израел. Георгиевски со постигнатиот триумф дојде до нови бодови за олимписка виза.

Read More

Рускиот тенисер, Данил Медведев, ги сподели своите мисли за сезоната на земјени терени пред Мастерсот во Монте Карло. „Кога ги гледам моите резултати во Дубаи, Индијан Велс и тенисот што го играв, сфаќам дека би сакал да играм уште подобро“ – рече тенисерот. „Мислам дека тврдата и земјената подлога се сосема различни работи за мене. Сè што се случило претходно и сè што доаѓа потоа е неважно“ – рече Медведев.

Read More

Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, објасни зошто одлучил да остане до крајот на сезоната иако беше поврзуван со клубови од Премиер лигата, Ла Лига и Серија А. „Во јануари донесов свесна одлука да останам тука до летото. Чувствувам дека сè е навистина можно оваа сезона. Вистинските играчи се на вистинската позиција, со вистинскиот тренер, во вистинскиот клуб.“ – рече Германецот. „Верувам дека можеме да освоиме сè оваа сезона – иако знам колку е тешко. Но, ќе се обидеме“ – рече Горецка.

Read More