Легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини, се осврна на елиминацијата на „аѕурите“ во баражот за пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. „Пропуштањето на едно Светско првенство е предупредување, пропуштањето на две е криза, но три по ред… тоа е целосен неуспех“ – рече некогашниот стопер. „Во мое време, духот беше сè. Дисциплина, жртва и почит кон дресот, сега не го гледам тоа во Италија“ – беа зборовите на Малдини.
Author: dino
Денеска во Скопје го имавме 14-то издание на традиционалната женска Авицена атлетска трка на која се појавија повеќе од 3.400 натпреварувачки. Стартот и целта на патеката долга три колиметри беа на булеварот „Илинден“ кај фонтаната – „Лотос“. Победничката, Душица Јанковиќ, патеката ја истрча за 11 минути и 24 секунди. Второто место ѝ припадна на Викторија Тодоровска а третото на Емили Ивановска. Организаторот на крајот додели признанија во 10 возрасни категории.
Ракометарите на Охрид со денешната победа против Олимпијакос со 25:24 го потврдија пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Европскиот Куп на ЕХФ. Во одлична атмосфера во СЦ Билјанини Извори, домаќините ја одбранија предноста од пет голови од првиот меч во Грција и ги израдуваа фановите со историски пласман во полуфиналето на едно европско натпреварување. Во нашиот тим се издвои Анте Иванковиќ со осум голови пред Томи Јагуриновски со четири. Кај Олимпијакос, Савас постигна пет гола. Во полуфиналето на ЕХФ Купот, нареден противник на Охрид ќе биде словенечкиот состав Целје.
Шпанскиот фудбалски состав Атлетико Мадрид ќе понуди 35 милиони евра плус 3 милиони во бонуси за играчот на Аталанта, Едерсон, велат денешните информации од Италија. Бразилецот се согласил за договор од четири сезони со плата од 5 милиони евра годишно плус бонус од 2 милиона. Едерсон постигна 1 гол на 23 сезонски натпревари во Серија А. Сега се чека двата тима да се договорат за сумата иако италијанците бараат околу 50 милиони евра.
Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Алисон, изјави дека планира да се врати на теренот до крајот на април. Деновиве менаџерот на „црвените“, Арне Слот, изјави дека очекува бразилскиот голман набргу да заврши со процес на рехабилитација и повотрно да се активира на стадионите. „Немам никакви нови повреди. Моментално сум на лекување и се очекува да бидам целосно подготвен до крајот на април“, напиша Алисон на социјалните мрежи.
Десниот бек на Њукасл, Киран Трипие, на крајот на сезоната како слободен играч ќе го напушти англискиот состав. Дефанзивецот во 2022-ра дојде на стадионот „Сент Џејмс Парк“ од екипата на Атлетико Мадрид. Тој беше еден од клучните играчи во клубот за освојување на Лига купот на Англија во претходната сезона и пласманот во Лигата на шампионите во 2023 и 2025 година. „Сакам да им се заблагодарам на навивачите за нивната поддршка во добрите и лошите времиња. Исто така и на моите соиграчи“ – рече Трипие кој го потврди заминувањето.
Ракометарите на Охрид денеска треба да го направат решавачкиот чекор за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европскиот Куп на ЕХФ. Тие по триумфот на гостувањето кај Олимпијакос со 31:26, попладнево од 18.00 часот во веројатно преполната сала – „Билјанини извори“ ќе го одиграат реваншот со грчкиот тим. „Гладијаторите“ ќе бидат комплентни и максимално одморени бидејќи на мечот со Вардар настапија речиси со младинскиот тим. Раководството на клубот, упати апел за фер и коректно навивање. Евентуалниот пласманот во полуфиналето на Европскиот Куп ќе биде историски момент за Охрид.
Претставниците на женскиот одбојкарски клуб Вардар ЕМ и на машкиот состав Штип УГД, освојувачи на победничкиот пехар на Купот на Македонија, денеска имаа средба со Министерот за спорт Борко Ристовски. Тој им го честиташе успехот и нагласи дека Министерството секогаш ќе ги вреднува резултатите, ќе ја поддржува промоцијата на спортот и на спортските вредности и во иднина ќе продолжи практиката да им се оддава признание на сите што ќе направат успех. Штип УГД доби парична награда од 1.000.000 денари додека Вардар ЕМ беше награден со 500.000 денари од страна на Министерството за спорт.
Шпанскиот велосипедист, Хам Гардено е примен на интензивна нега во болница откако се здобил со сериозни повреди на тренинг, објави неговиот тим Каха. 23-годишниот се судрил со автомобил на патот на кој тренирал и бил однесен во болница во Каталонија. Тој моментално е на интензивна нега со сериозни повреди на главата и неговата состојба внимателно се следи.
Дефанзивецот на Интер, Јан Бишек, е повреден, објави италијанскиот клуб. 25-годишниот Германец има проблем со мускулот. Неговата состојба ќе се следи во наредните денови но, сигурно ќе го пропушти неделниот натпревар со Рома од Серија А а може да биде надвор од комбинација и за средбата со Комо. Интер е лидер во италијанската елита со 69 бодови или шест повеќе од тимот на Милан.
