Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Алисон, изјави дека планира да се врати на теренот до крајот на април.
Деновиве менаџерот на „црвените“, Арне Слот, изјави дека очекува бразилскиот голман набргу да заврши со процес на рехабилитација и повотрно да се активира на стадионите.
„Немам никакви нови повреди. Моментално сум на лекување и се очекува да бидам целосно подготвен до крајот на април“, напиша Алисон на социјалните мрежи.

