Шпанскиот велосипедист, Хам Гардено е примен на интензивна нега во болница откако се здобил со сериозни повреди на тренинг, објави неговиот тим Каха.
23-годишниот се судрил со автомобил на патот на кој тренирал и бил однесен во болница во Каталонија.
Тој моментално е на интензивна нега со сериозни повреди на главата и неговата состојба внимателно се следи.

