Претставниците на женскиот одбојкарски клуб Вардар ЕМ и на машкиот состав Штип УГД, освојувачи на победничкиот пехар на Купот на Македонија, денеска имаа средба со Министерот за спорт Борко Ристовски.
Тој им го честиташе успехот и нагласи дека Министерството секогаш ќе ги вреднува резултатите, ќе ја поддржува промоцијата на спортот и на спортските вредности и во иднина ќе продолжи практиката да им се оддава признание на сите што ќе направат успех.
Штип УГД доби парична награда од 1.000.000 денари додека Вардар ЕМ беше награден со 500.000 денари од страна на Министерството за спорт.

