Author: dino

Некогашниот светскиот шампион во Формула 1, Дејмон Хил, вели дека новата сезона е многу интересна иако возачите реагираат на новите правила и перформансите на возилата. „Првите трки покажаа различна динамика на патеката. На пример, на отворањето во Австралија имаше 120 претекнувања во споредба со само 45 во Мелбурн во 2025 година – рече Хил.„Сега имаме шест возачи кои може да ја освојат титулата. Мора да признаеме дека тоа е многу интересно за љубителите на Формула“ – рече Хил.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Босна, Мухамед Пашалиќ, по поразот од Партизан во АБА лигата, упати честитки до „црно-белите“ кои го преземаа врвот во Јадранската конкуренција. „Не игравме како што замислував, но, момците се бореа – дадоа се од себе. Повредите на бековските позиции се тука и не можеме да направиме ништо повеќе“ – рече Пашалиќ. „Имавме 19 изгубени топки иако Партизан немаше агресивна одбрана. Се надевам дека набргу ќе се комплeтираме“ – изјави тренерот на Босна.  

Read More
NBA

Кошаркарот на Мемфис, Џејлен Велс, имаше операција на палецот на десната нога и ќе мора да паузира подолг период. Иако НБА тимот не сакаше да потврди, медиумите тврдат дека нема да игра до крајот на шампионатот. 22-годишниот поентер во дебитантската сезона има просек од 12,5 кошеви и 3,2 скока по натпревар. Покрај Велс, во болницата на Мемфис се и Санти Алдама, Кентавиус Колдвел-Поуп, Брендон Кларк, Зак Иди, Џа Морант и Скоти Пипен Јуниор.

Read More
NBA

Koшаркарот на Орландо, Паоло Банчеро, вели дека би сакал да игра заедно со ѕвездата на Торонто, Скоти Барнс. „Тој е тип на човек со кого би било одлично да се игра само врз основа на неговите придонеси. Не е фокусиран на постигнување кошеви. Секогаш се обидува да најде соиграчи и врши притисок низ целиот терен.“ – рече Банчеро. „Според мене, тој отсекогаш бил играч кој остава огромно влијание врз тоа што го прави за тимот. Тој е едноставно победнички играч“ – нагласи кошаркарот на Орландо.  

Read More

Возачот на Априлија во Мото Гран При шампионатот, Марко Беџеки, на трката за Големата награда на САД, успеа го сруши рекордот на Хорхе Лоренцо за најмногу последователни кругови на чело на колоната. Трикратниот светски шампион во 2015 година имаше 103 последователни кругови како лидер за време на трките во Шпанија, Италија, Франција и Каталонија. Беџеки, пак, стигна до 121 последователен круг како лидер а неговата серија започна на крајот од минатата сезона во Португалија и Валенсија. Истата продолжи годинава во Тајланд, Бразил и САД.

Read More

Фудбалерот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, би можел да отсуствува уште еден месец откако неговата повреда се покажа како посериозна отколку што првично се мислеше. Десниот бек не игра од 31 јануари кога го повреди коленото. Иако се очекуваше негово брзо враќање, сега има најава дека закрепнувањето ќе трае многу подолго. Капитенот на Наполи ќе биде недостапен до крајот на април што значи дека ќе пропушти голем дел од остатокот од сезоната додека тимот се бори за пехарот во Серија „А“.

Read More

Душан Влаховиќ и Јувентус имаат потешкотии да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката која треба да заврши на 30 јуни годинава. Имено, на последниот состанок се појавиле нови проблеми поврзани со бонусите што треба да ги добие агентот на српскиот интернационалец.  Згора на тоа платата на напаѓачот ќе му биде намалена под сегашните 12 милиони евра по сезона. Доколку не се постигне договор, Влаховиќ ќе си замине како слободен агент во текот на летото.

Read More

Изминатиов викенд бележиме неколку успешни настапи на младите шахисти од школите на ШК Алкалоид. Матео Ефтоски победи на отворениот турнир во организација на ШК Карпош од Скопје, каде што важеше за прв фаворит според влезниот рејтинг (2.040). Тој освои 6 од 7 можни бода, односно извојува пет победи и два пати играше реми во партии каде што играчите имаа по 60 минути време за размислување и 30 секунди за играње на потег, па на крајот придодаде нови 13 поени рејтинг на своето конто. Истовремено, на силниот меѓународен турнир „Опен Катерини“ во Грција, што се одржа 20 до 23 Март (темпо…

Read More

Денеска ќе бидат формирани квалификациските групи за Eвропското првенство во ракомет во 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со Србија, Италија, Фарските Острови, Полска, Холандија, Австрија и Чешка. Тоа се земјите со кои не може да играме. Во првиот по квалитет шешир се сместени Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска. Во третиот, Белгија, БиХ, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина додека во улога на аутсајдери ќе бидат извлечени: Естонија, Финска, Израел, Косово, Летонија, Луксембург, Словачка и Турција. Квалификациите ќе започнат годинава на 5 ноември  а ќе…

Read More

Нашите најдобри фудбалери доцна вечер ќе гостуваат кај Данска во бараж-меч за пласман на Светското првенство закажано во текот на летото во САД, Канада и Мексико. Со Данците ремизиравме во Скопје во квалификациите за ЕП додека во вториот натпревар во тој циклус загубивме во Копенхаген. Единствената победа ја имаме на пријателски натпревар во 2013 година и тоа со 3-0. Победникот од денешната пресметка на стадионот „Паркен “, во вторник на 31 март ќе игра со подобриот од дуелот Чешка- Република Ирска. Денешната средба Данска-Македонија ќе започне во 20:45 часот а ќе ја суди Германецот, Феликс Цвајер.

Read More