Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, ја завршува рехабилитацијата по воспаление на коленото. Според најавите се очекува поентерот да се врати на теренот во еден од наредните два меча. Неговиот тим прво ќе го пречека Детроит а потоа ќе му гостува на Далас. Едвардс одигра 58 натпревари оваа сезона, со просек од 29,5 поени, 5,1 скока, 3,7 асистенции и 1,4 украдени топки.
Author: dino
Минесота на мечот со Хјустон го направи најголемиот кам-бек во историјата на кошаркарската НБА лига гледано во продолженијата. Рендл го постигна победничкиот кош со што ја заврши серијата од 15-0 која им овозможи на „Тимбервулвс“ да ја надминат негативата од 13 поени. Во 29 сезони имало 180 мечеви во кои тимовите во продолженијата имале 10 или повеќе кошеви негатива и сите тие натпревари ги завршиле со порази.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, зборуваше за можноста за враќање во Ла Лига и тоа во Реал Мадрид иако на времето настапуваше за градскиот ривал Атлетико. „Фактот што играв за Атлетико не ме спречува да ја разгледам можноста за преселба во Реал. Исто така, ми се допаѓа Премиер лигата, многу е тешка, во моментов сум задоволен од моите перформанси“ – рече Родри. 29-годишникот го облече дресот на англискиот клуб во 2019 година. Неговиот договор е до летото во 2027.
Англискиот фудбалски состав Арсенал ја истражува можноста за ангажирање на крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Хвича Кварачелија. Наводно, фудбалерот на ПСЖ е расположен да го напушти стадионот- „Паркот на принцовите“ и да побара нов предизвик во кариерата. Грузиецот во сезонава има постигнато 12 голови и направено седум асистенции.
Фудбалерот од средниот ред на италијанскиот Интер, Хакан Чалханоглу, ја откри причината за добрите резултати под водство на главниот тренер Кристијан Киву, кој претходно работеше со младинскиот тим на „нероаѕурите“. „Кога почна да работи со нас, сите го прифатија многу брзо. Киву им дава можност на сите да настапат, вклучително и на помладите играчи“ – рече Чалханоглу. Романецот седна на клупата на Интер во изминатиот јуни.
Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, ги негираше информациите на социјалните мрежи дека на тренинг се расправал со тренерот, Макс Алегри. Португалскиот интернационалец делуваше луто кога беше заменет на дербито со Лацио а потоа беше отстранет од составот за мечот против Торино со објава дека е повреден. Медиумите, пак, објавија сосема поразлична информација дека тренерот не бил задоволен од вложувањето на Леао на тренингот и затоа не го ставил на списокот за мечот со „биковите“.
Денеска беа одредени полуфиналните двојки за завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција кој ќе биде реализиран во Струмица.Вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер се разминаа откако „црвено-црните“ го добија за противник Алкалоид (20 часот) додека Битолчани ќе излезат на мегдан со Охрид од 17.00 часот. Полуфиналните пресметки ќе бидат одиграни на 17 април а големото финале на 19-ти. Пехарот ќе го брани Вардар.
Одбојкарската федерација на Македонија денеска на средба со новинарите ја најави завршницата на Купот во машка и женска конкуренција која ќе биде реализирана од утре до сабота во СЦ Јане Сандански. Генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски и претставниците на сите осум екипи, по четири во двете конкуренции, изразија задоволство што целиот настан повторно ќе биде реализиран во престолнината со атрактивна одбојка. Според програмата, утре ќе бидат одиграни полуфиналните мечеви кај одбојкарките. Од 17.30 часот екипата на Газели Волеј ќе игра со Вардар Ем додека од 19.30 ќе биде финалето пред финале меѓу Наковски Волеј и Младост УГД. Одбојкарите ќе…
Медиумите во Италија шпекулираат дека тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, може пред време да го напушти составот од Рим. Според нив, елиминацијата од европските конкуренции и слабите игри во Серија „А“ може да ги натера челниците на „волчицата“ да размислуваат за ново име на клупата. Од друга страна, Гасперини, јавно потенцираше дека проблемот со повредени играчи влијае на резултатите на теренот. Тој и претходно изјави дека не е задоволен од трансферната политика во Рома.
Фудбалерот на Арсенал, Езе, ќе мора да биде надвор од теренот најмалку еден месец поради повреда, објавија медиумите во Англија. Тој пред речиси една недела се повреди на мечот со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Играчот на „топчиите“ во сезонава се појави на 43 мечеви во сите конкуренции со ефект од девет голови и шест асистенции.
