Author: dino

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, преку социјалните мрежи потврди дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.   „Здраво на сите. За жал, дојде денот. Ова е првиот дел од моето збогување. Ќе го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната“ – објави интернационалецот од Египет. Тој за „црвените“ има постигнато 189 голови и направено 92 асистенции во Премиер лигата.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, се осврна на вчерашниот пораз на теренот на Валенсија во меч од Евролигата. „Валенсија е одличен тим. Требаше да направиме некои работи поинаку за да го завршиме натпреварот порано, но на крајот сè се сведе на една одлука. Прекршокот што беше досуден“ – рече тренерот на грчкиот тим. „За нас сите натпревари во Евролигата се лекција. Мораме да бидеме многу подобри, пофокусирани, поконзистентни“ – рече Барцокас.

Read More
NBA

Експертот Ник Рајт смета дека центарот на Спарси, Виктор Вембањама, не е меѓу водечките офанзивни играчи во НБА. „Ако го оценувате Вембањама само во нападот, само како офанзивен играч, тогаш се сомневам дека е меѓу 10-те најдобри играчи во НБА. Тоа не значи дека нема да стане еден од нив“, рече Рајт. Тој наведе 10 играчи за кои моментално смета дека се подобри во офанзивниот дел, вклучувајќи ги Шаи Гилџус-Александар, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Ентони Едвардс, Стивен Кари, Девин Букер, Донован Мичел, Џејсон Тејтум , Кејд Канингем, Тајрис Халибартон и Џејлен Брансон.

Read More
NBA

Аналитичарот на ESPN, Тим Мекмахон, призна дека не бил импресиониран од 83-те поени на центарот на Хит, Бам Адебајо против Вашингтон. За него 60-те поени на бекот на Лејкерси, Лука Дончиќ, во неодамнешната победа врз Мајами изгледаа „поимпресивни“. „Сите 60 беа потребни за да се добие натпреварот против тим кој се обидуваше да се пласира во плејофот.“- рече Мекмахон. „Никогаш, никогаш, никогаш повеќе не сакам да слушнам за културата на Мајами, професионализмот и сите тие глупости“ – рече Мекмахон.

Read More

Интер е заинтересиран за младиот фудбалер на Челзи, Андре Сантос, бидејќи ветераните, Хакан Чалханоглу и Хенрих Мхитарјан, се очекува да го напуштат клубот на крајот од сезоната. Затоа на „Џузепе Меаца“  активно бараат нивни замени а 21-годишникот се наметнува во преден план. Интер е исто така заинтересиран за потпишување на Леон Горецка како и за Ману Коне од Рома.

Read More

Дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, може да си замине од италијанскиот состав, најавија дел од медиумите. Сегашниот договор на Челик предвидува нето плата од 2 милиони евра плус бонуси, но тој и неговите агенти бараат многу поголема сума 4 милиони евра нето по сезона што клубот ја гледа како превисока. Доколку не се постигне договор, не може да се исклучи можноста играчот да замине како слободен агент на крајот од сезоната.

Read More
NBA

Главниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс , Џеј Џеј Редик, се пожали на некомплетниот состав на мечот со Детроит. „Ние сме добар кошаркарски тим. Нашата победничка серија се совпадна со период кога бевме здрави. Смарт и Руи беа отсутни денескa. Важно е да го вратиме нашиот тим во форма“ – рече Редик. „Вандер одигра добар натпревар. Сепак,  нашиот тим функционира на одреден начин. Ни треба Смарт да прави акции, ни треба Руи да шутира. Ни треба силен финиш на сезоната“ – рече Редик.

Read More

Поразот на Тотенхем од Нотингем Форес ги натера челниците на тимот да размислуваат за ново име на клупата. „Спарси“ се над последните три екипи во Премиер лигата но, до крајот на сезоната ќе стравуваат околу опстанокот. Игор Тудор загуби на пет од седум натпревари откако беше назначен во февруари на местото на Томас Франк. Доколку Хрватот си замине, Тотенхем ќе мора да одлучи дали да назначи друг времен тренер или да бара стратег кој ќе добие перманентен договор. Посакувани имиња се: Шон Дајч, Рајан Мејсон и Хари Реднап.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, ги коментираше свирежите од навивачите упатени кон него по викенд-поразот од Сандерленд во меч од Премиер-лигата. „Ги разбирам критиките, ги прифаќам и немам проблем со нив. Мојата прва мисла како лидер е да се истакнам и да ги прифатам. Тоа е многу, многу болен резултат, најмногу за нашите навивачи – тие се оние за кои размислувам сега“ – рече тренерот на Њукасл. „Имам малку нешта како изговор и не сакам да одам по тој пат. Денеска не си ја завршивме работата во второто полувреме и многу сме разочарани“ – рече Хау.

Read More

Барселона е првиот  тим што се квалификуваше за Лигата на фудбалските шампиони за наредната сезона – 2026/27. Каталонците во текот на викендот победија против Рајо Валјекано во 29-то коло во Ла Лига додека петтопласираниот Бетис загуби од Атлетик. Сега разликата меѓу првото и петтото место е 29 бодови што значи дека Бетис и да победи во сите мечеви до крајот на сезоната, ќе стигне до максимални 27 бодови. Тоа автоматски ги става Каталонците меѓу првите четири екипи на табелата кои ќе обезбедат виза за наредното издание на Лигата на шампионите.

Read More