Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, се осврна на вчерашниот пораз на теренот на Валенсија во меч од Евролигата.
„Валенсија е одличен тим. Требаше да направиме некои работи поинаку за да го завршиме натпреварот порано, но на крајот сè се сведе на една одлука. Прекршокот што беше досуден“ – рече тренерот на грчкиот тим.
„За нас сите натпревари во Евролигата се лекција. Мораме да бидеме многу подобри, пофокусирани, поконзистентни“ – рече Барцокас.

