Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, преку социјалните мрежи потврди дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
„Здраво на сите. За жал, дојде денот. Ова е првиот дел од моето збогување. Ќе го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната“ – објави интернационалецот од Египет.
Тој за „црвените“ има постигнато 189 голови и направено 92 асистенции во Премиер лигата.

