Тренерот на Партизан, Жоан Пењароја, изјави дека Црвена Звезда заслужила да победи но, тој е горд на пристапот и карактерот на неговите кошаркари. „Играа подобро од нас. Горд сум што мојот тим се натпреваруваше до крајот, сакаа да победат. Тоа го покажува нашиот карактер – рече Пењароја на прес-конференцијата. „ Беше јасно дека имавме проблеми во одбраната. Тешко е да се победи на гостински терен. Вечерва беа подобри во нападот“ – рече тренерот на „црно-белите“ кои ја прекинаа серијата од 14 последователни победи во АБА лигата.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, не бил задоволен од прикажаното на мечот со Лече иако неговиот тим победи со минимални 1-0. „Газета дело Спорт“ известува дека стратегот бил многу нервозен и не се појавил пред телевизиските микрофони и на прес-конференцијата. Клубот се обиде да објасни дека тренерот имал проблеми со гласот и затоа не бил пред новинарите но, малку подоцна сите присутни во под трибинскиот простор го слушале Гапсерини како со висок тон им се обраќа на фудбалерите во соблекувалната.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, максимално ќе ја искористи паузата за репрезентативни натпревари. „Кориере дело Спорт“ објави дека по трите дена за одмор гледано од петочниот меч со Калјари, Италијанецот ќе продолжи да отсутвува од тренинг центарот Кастел Волтурно. Затоа, тимот од утре ќе му биде доверен на неговиот помошник, Кристијан Стелини. Конте ќе земе малку слободно време и ќе се врати на теренот во почетокот на наредната недела заедно со 13-те играчи кои се повикани во нивните репрезентации: Мерет, Бонџорно, Спинацола, Политано, Милинковиќ-Савиќ, Оливера, Лоботка, Мектоминај, Гилмур, Елмас, Хојлунд, Де Бруин и Лукаку.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, очекува тешко гостување в петок кај Борнмаут во меч од Премиер-лигата на Англија. „Црвените ѓаволи“ победија во седум од последните девет натпревари и се пробија на третото место на табелата додека тимот што го предводи Ираола е непоразен во последните пет средби. „Имавме добри резултати дома но, тоа не значи дека е сè поправено и дека можеме да продолжиме понатаму. Тоа ни даде само поголема самодоверба“ – објасни Карик.
Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, беше принуден да го напушти теренот поради повреда на вчерашниот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите. Медиумите денеска наведуваат дека станува збор за повреда на мускулот на левата нога и дека играчот на англичаните ќе паузира подолг период. Сигурно е дека италијанскиот репрезентативец нема да игра на наредниот меч во Премиер-лигата а веројатно ќе ги пропушти и плејоф натпреварите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Кошаркарот, Вејд Болдвин, потпиша нов договор со Фенербахче кој го врзува за турскиот клуб до 2028 година. Американецот го продолжил договорот со подобрени финансиски услови. Болдвин му се придружи на бранителот на тронот во Евролигата во 2024 година. Тој во сезонава има одличен просек од 14,4 поени, 5,7 асистенции и 3,3 скока.
Фудбалерите на Тотенхем се елиминирани од Лигата на шампионите иако вчера успеаја да слават против Атлетико Мадрид со 3-2 во реваншот од осминафиналната фаза. Нивниот тренер, Игор Тудор, верува дека играчите се вложиле максимум. „Секако дека не сме среќни што не отидовме понатаму но, морам да бидам задоволен. Не беше доволно но, честитки до играчите“ – рече Тудор. „Мора да продолжиме вака. Сега мора да се подготвиме за натпреварот в недела против Нотингем Форест“ – потенцираше тренерот на „спарси“.
Ливерпул доцна синоќа славеше убедливо против Галатасарај со 4-0 и влезе во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Англичаните на домашен терен на „Енфилд“ успеаја да ја надокнадат негатива од еден гол по првиот меч во Турција. Тренерот на „црвените“ , Арне Слот, не крие дека е задоволен од пристапот на неговите избраници. „Ми се допаѓаше начинот на кој игравме, начинот на кој притискавме. Единственото нешто за кое можам да се пожалам е што создадовме многу повеќе шанси отколку што сме искористиле цела сезона“ – рече Слот.
Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, ја коментираше ситуацијата на табелата. Тој вели дека сите се надевале дека ќе дојдат до шестото место. „Би било идеално да обезбедиме неколку победи и да стигнеме до осмото место, давајќи си две шанси во плејофот. Знаеме дека седмото место е исто така недостижно“ – рече Кер. „Ако сме подготвени, можеме да направиме пробив. Не можеме да дозволиме планот на играта да се распадне“ – потенцираше тренерот на „Вориорс“.
Кендрик Перкинс е песимист во врска со состојбата во Хјустон кој загуби на шест од последните 10 натпревари. Тимот падна на петтото место на Западот по два последователни пораза од Лејкерси. „Изгледаат како тим каде што играчите не се сакаат едни со други. Тим без хемија“- рече Перкинс. „Кога ја гледам оваа група, сфаќам дека си заминуваат оделно откако ќе ја напуштат арената или просторот за тренинг. Никој не излегува заедно на вечера“ – потенцираше дописникот на „ESP“.
