Фудбалерите на Тотенхем се елиминирани од Лигата на шампионите иако вчера успеаја да слават против Атлетико Мадрид со 3-2 во реваншот од осминафиналната фаза. Нивниот тренер, Игор Тудор, верува дека играчите се вложиле максимум.
„Секако дека не сме среќни што не отидовме понатаму но, морам да бидам задоволен. Не беше доволно но, честитки до играчите“ – рече Тудор.
„Мора да продолжиме вака. Сега мора да се подготвиме за натпреварот в недела против Нотингем Форест“ – потенцираше тренерот на „спарси“.

