19-годишниот возач на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои Големата награда на Кина или втората трка во календарот на Формула 1. Италијанецот победи пред клупскиот колега Џорџ Расел и двоецот на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Бодови уште освоија и Оливер Берман, Пјер Гасли, Лиам Лосон, Исак Хаџар, Карлос Саинц и Франко Колапинто. Куриозитет е што Оскар Пјастри, Ландо Норис, Габриел Бортолето и Алекс Албон поради разни технички проблеми се откажаа пред стартот. Наредните возбудувања во Ф1 ќе бидат од 27 до 29 март на патеката во Јапонија. На табелата води Расел пред Антонели и Леклер. Екипата на Мерцедес е…
Author: dino
Фудбалерите на Јувентус доцна синоќа победија на гостувањето кај Удинезе со 1-0 а нивниот тренер, Лучијано Спалети, јавно ги пофали за прикажаното. „Тимот се покажа навистина добро, одржувајќи високо ниво на решителност да победи. Го ставивме противникот под притисок“ – рече Спалети. „ Денеска бевме совршени во тој поглед. Тоа го одразува менталитетот, бидејќи игравме со многу силен тим“ – беа зборовите на Спалети по големата победа во Удине.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не беше задоволен по ремито 1-1 со Вест Хем кое го остави неговиот тим зад Арсенал цели девет бодови во трката за титулата во Премиер-лигата. „Секако дека сакавме да победиме но, Премиер лигата е исклучително тешка. Вест Хем се бранеше многу добро. Сè уште имаме надеж за титулата“ – вели Шпанецот. „Ни недостасува тој ритам во нападот што нè правеше безмилосни. Тешко е да се најде простор кога има десет играчи во шеснаесетникот“ – рече Гвардиола.
Интер вчера ремизираше со Аталанта 1:1 во дербито на Серија „А“ по што „нероаѕурите“ изразија незадоволство од судиските одлуки посебно од ВАР собата и не испратија претставник на официјалната прес-конференција. Тренерот, Кристијан Киву беше бесен и доби црвен картон поради протест против судијата Џанлука Мањаниело, кој не досуди прекршок врз Дензел Дамфрис за израмнувачкиот гол на тимот од Бергамо. Малку подоцна, „нероаѕурите“ протестираа за пенал што не беше досуден за прекршок на Џорџо Скалвини врз Давиде Фратеси. Ќе потсетиме дека Интер исто така реагираше на судиските одлуки и по поразот од Милан.
Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, се сомнева дека неговиот Ферари ќе може да ја добие битката со возачите на Мерцедес на утрешната трка за Големата награда на Кина. „Според нашите податоци, тие имаат предност од 0,4-0,6 секунди во темпото на трката. Не е важно дали го видовме тоа во спринтот или не. На чиста патека, тие се во предност“ – рече Британецот. „Можеби ќе можеме да направиме нешто стратешки или ќе надоместиме заостанување на стартот“ – изјави Хамилтон кој во квалификациите го освои третото место.
Првиот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак, се соочува со повреда која може да го одалечи од стадионите, најавија дел од медиумите во Шпанија. Интернационалецот од Словенија го напуштил предвреме тренингот поради истегнување на мускулот. Тој нема да биде на списокот за денешниот меч со Гетафе во ла Лига. Останува дилемата дали Облак ќе може да игра на реваншот со Тотенхем во Лигата на шампионите закажан за 18 март во Англија. Неговиот тим во првата средба славеше со 5:2.
Мајкл Овен, легендарниот напаѓач на Ливерпул, се осврна на настапите на „црвените“ во Премиер-лигата. „Не играат толку добро во моментов. Сè уште ми е тешко да поверувам дека можете да доминирате во една сезона, да додадете неколку врвни играчи како Исак, Екитике и Вирц а сега играте полошо“ – рече Овен. „Можеби наредната година ќе се вратат на врвот. Мислам дека Арсенал сега ќе ја освои титулата“ – беа дел од зборовите на Овен.
Италијанецот, Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Кина со што стана најмладиот возач во историјата на Формула 1 што ќе стартува од првата линија. Антонели, кој има 19 години и 201 ден, го надмина рекордот на Себастијан Фетел од 2008 година. Возачот на пак, на Мерцедес, Џорџ Расел, победи во спринтот. Британец стартуваше од пол-позицијата и по 19 круга го зачува првото место. Членот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор пред клупскиот колега, Луис Хамилтон. Втората сезонска трка во Ф1 е закажана за в недела со почеток во 8:00 часот.
Екипата на Голден Стејт остана без уште четворица играчи поради повреди. Дрејмонд Грин ја напушти поставата на 30 минути пред почетокот на натпреварот со Минесота поради болки во долниот дел од грбот. Центарот Ал Хорфорд исто така се повлече во соблекувалната поради проблем со листот на ногата. Бекот, Сет Кари, ја повреди тетивата во втората четвртина додека центарот, Квинтер Пост, го извитка глуждот. Ќе потсетиме дека бекот, Стивен Кари е надвор од терените од 30 јануари поради хроничен проблем со десното колено.
Поранешниот фудбалер на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој по авантурата во Торонто се врати во Италија и тоа во тим од Серија „Б“, вели дека му било тешко да си замине од Неапол. „По 12 години, беше нормално нешто да се промени, можеби не толку далеку, но, така се случи. Не обвинувам никого, заминувањето не беше лесно“ – рече Инсиње. „Не успеавме да направиме компактен тим, сите погледи беа насочени кон мене бидејќи бев најплатен во клубот. Имаше притисок“ – рече некогашниот фудбалер на Наполи.
