Author: dino

Фудбалерот, Душан Влаховиќ, по голема пауза од четири месеци конечно ќе се врати на терените, објавија денеска медиумите во Италија. Српскиот напаѓач на Јувентус последен пат играше на 29 ноември на мечот со Калјари во Серија „А“ кога заработи потешка повреда. Корпулетниот напаѓач ќе биде ставен на списокот за викенд-мечот со Удинезе.

Read More

Скаутите на Арсенал ги следеле настапите на централниот дефанзивец на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба. Германците за потписот на Французинот бараат околу 60-70 милиони евра. 23-годишникот не крие дека е заинтересиран за трансфер во Англија или во Шпанија. Лукеба во сезонава постигна еден гол и направи една асистенција на 23 меча во сите конкуренции.

Read More

Новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орштајн, тврди дека бордот на директори на Ливерпул има целосна поддршка за главниот тренер на фудбалерите, Арне Слот. „Црвените“ веруваат дека Холанѓанецот може да ја врати победничката серија и да донесе трофеј на стадионот -„Енфилд“. Ќе потсетиме дека Слот во првата сезона на клупата на англискиот тим успеа да му ја донесе шампионската титула во Премиер-лигата.

Read More

Фернандо Алонсо од екипата на Астон Мартин, вели дека нема вистинска слика околу новите прописи во Формула 1. „Предизвиците се сосема различни. Без разлика дали автомобилите се забавни за возење или не, секој има мислење бидејќи пристапот е различен“ – рече Алонсо. „Сега е нов предизвик. Пораснав со друг пристап и се мачев во свиоците, веројатно претпочитам поразличен стил на тркање“ – нагласи членот на Астон Мартин.

Read More

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, заработи повреда на тетивата кон крајот на натпреварот против Олимпијакос. Тој веднаш се упати кон соблекувалната и не се врати на клупата. Луѓето од „кнежевството“ стравуваат дека ќе останат без еден од лидерите на тимот и тоа во финишот на сезоната. Џејмс во сезонава во Евро-лигата има просек од 16,7 поени, 3,4 скока и 6,5 асистенции.

Read More
NBA

Бекот на Јута Џез, Кејонте Џорџ, има истекнување на тетивата и ќе паузира околу две недели. Потоа ќе оди на нови прегледи, наведуваат медиумите во САД. Тој се повреди на мечот со Њујорк откако одигра 20 минути и постигна 14 поени. НБА тимот се соочува со големи проблеми во ростерот откако остана без повредените Вокер Кеслер, Џарен Џексон Јуниор и Јусуф Нуркиќ.

Read More
NBA

Играчот на Сан Антонио, Виктор Бенмањама, поради болки во десниот глужд го пропушти мечот против Денвер. Спарси се решија да го изостават центарот на околу 45 минути пред почетокот на мечот. Французинот, чие учество првично беше доведено во прашање, ја провери состојбата на глуждот за време на загревањето. „Ги гледаме сериoзно таквите ситуации. Во секој случај, тоа е многу краткорочен проблем“ – рече тренерот, Мич Џонсон.  

Read More
NBA

Џаред Мекејн призна дека бил изненаден од размената од Филаделфија во Оклахома Сити, бидејќи верувал дека ги има сите шанси да остане во Сиксерси. „Дефинитивно мислев дека може да функционира. На долг рок. Значи, дефинитивно имаше потенцијал таму“, сподели 22-годишниот кошаркар. Мекејн игра солидно откако го облече дресот на Оклахома остигнувајќи просек од 11,7 поени.

Read More

Воените дејствија на Блискиот Исток влијаат и на настаните во Формула 2. Имено, доколку планираните активности во Бахреин и Саудиска Арабија бидат откажани во април, веднаш ќе се бараат алтернативи. Извор од Формула 2 наведуваат дека неформално се разгледува можноста европска трка да ја пополни празнината. Сепак за да се случи тоа, ќе треба да се најде патека со соодветна инфраструктура.

Read More

Тренерот на Аталанта, Рафаеле Паладино, не го криеше своето возбудување за гостувањето кај Баерн Минхен во елиминацискиот дел од Лигата на фудбалските шампиони. „Сон е да се биде во осминафиналето на Лигата на шампионите и да се соочиме со Баерн – еден од најдобрите тимови во светот“ – рече Паладино. „Тие имаат толку многу квалитет во нападот, особено Хари Кејн. Сепак, не смееме да го изгубиме нашиот идентитет ниту да го намалиме темпото“ – рече тренерот на екипата од Бергамо.

Read More