Author: dino

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, гледа со пиетет кон Барселона в пресрет на првиот меч во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. „Тоа е можеби најзначајниот натпревар во нашата понова историја. Барем за мене, тоа е сигурно. Така треба да пристапиме кон него.“ – рече тренерот на англискиот состав. „Тоа што сме аутсајдери, исто така, ни оди во прилог – кога шансите се против нас, тоа само ни додава мотивација“ – беа зборовите на Хау.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук, е уверен дека неговите избраници имаат квалитет да му парираат на Ливерпул во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Турците во претходната рунда направија изненадување со елиминацијата на италијанскиот Јувентус. „Гледајќи ја позицијата на Ливерпул во англиското првенство, Лигата на шампионите е многу поважна за нив“ – рече тренерот на Галатасарај.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Хјустон, Име Удока, се осврна на убедливиот пораз од Сан Антонио во меч од НБА лигата. Тој вели дека неговиот тим има доволно талентирани играчи за да се натпреварува за првите места во Западната конференција. Хјустон  е на четвртото место со ефект од 39-24. „Имаме талент, нема сомнение за тоа. Недостасува идентитет, цврстина и карактер. Ќе видиме дали можеме да го вратиме тоа до крајот на сезоната“ – рече тренерот на Хјустон.

Read More
NBA

Центарот на Мајами, Бам Адебајо, постигна 24 кошеви на мечот со Детроит со што ја достигна границата од 10.000 во текот на регуларната сезона. Тој стана втор најдобар стрелец во историјата на Хит по легендата, Двејн Вејд, кој има 21.556 поени. 28-годишниот центар ја одработува деветта сезона со клубот од Флорида, со просек од 18,9 поени и 9,8 скока.

Read More

Кошаркарскиот стратег, Светислав Пешиќ, уште еднаш посочи на системските проблеми во квалификациите за големите турнири. Главниот тренер на Баерн, кој претходно ја предводеше Србија до сребро на Светското првенство и бронза на Олимписките игри, истакна дека квалификациите биле негово најголемо достигнување. „Мојот најголем успех не беа медалите, туку фактот што воопшто се квалификувавме. Дури и не знаете кој ќе игра. Имавме среќа во тоа време“ – забележа Пешиќ.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, не влегува во радарот на Реал Мадрид иако неодамна се појавија такви шпекулации. Договорот на играчот со „граѓаните“ е до летото во 2027 година а англискиот клуб му достави понуда за негово продолжување. Според одредени наводи, неколку играчи на Сити чекаат да видат дали Пеп Гвардиола ќе остане на чело на тимот за потоа да ги продолжат договорите.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, беше критички настроен кон играчите по поразот од Џенова во редовното коло во Серија „А“. „Многу добро пристапивме кон натпреварот, бевме одлучни и обединети. Немавме многу шутеви кон голот а тие веројатно имаа уште помалку“ – рече Гасперини. „Немавме среќа на крајот. Сега не чекаат нови обврски во Европа“ – рече тренерот на „волчицата“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, се осврна на поразот од Милан во градското дерби во Серија „А“. „Навистина имавме лош прв дел и неочекувано примивме гол. Не успеавме да ја наметнеме нашата игра“ – вели Киву. „Дефинитивно недостасуваше динамика а Милан се насочи само на игра со контри. Ќе треба да се подобриме и да имаме многу посилно темпо“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.

Read More
NBA

Слободниот кошаркар, Taџ Гибсон, ќе потпише договор за две сезони со екипата на Мемфис објавија дел од медиумите во САД. Ветеранот кој има 40 години ќе се врати во НБА и ќе ја реализира 17-та сезона. Играчот кој е висок 206 сантиметри, во претходната сезона одигра 37 натпревари за Шарлот со просек од 2,9 поени и 3,2 скока.

Read More
NBA

Кошаркарот на Јута Џез, Лаури Марканен, се соочува со здравствени проблеми и ќе мора да паузира извесен период. Тој има воспаление на колкот и за две недели ќе треба да оди на ново снимање. Џез загубија тројца играчи во последниве две недели: поентерот, Џарен Џексон Џуниор (повреда на колено), центарот Јусуф Нуркиќ (повреда на нос) и бекот Винс Вилијамс (повреда на колено).  Јута засега има лош ефект во НБА лигата и се наоѓа на 13-то место во Западната конференција без шанси да оди во разигрувањето.

Read More