Тренерот на Њукасл, Еди Хау, гледа со пиетет кон Барселона в пресрет на првиот меч во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
„Тоа е можеби најзначајниот натпревар во нашата понова историја. Барем за мене, тоа е сигурно. Така треба да пристапиме кон него.“ – рече тренерот на англискиот состав.
„Тоа што сме аутсајдери, исто така, ни оди во прилог – кога шансите се против нас, тоа само ни додава мотивација“ – беа зборовите на Хау.

