Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го коментираше напредокот на неговиот тим во осминафиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Турскиот состав загуби кај Јувентус со 3-2 по дополнителните 30 минути но, ја задржа предноста од Истанбул кога победи со 5-2. „Знаев дека ќе биде тешко дека навивачите на Јувентус ќе ни го направат животот кошмар. Благодарност до навивачите на Галатасарај. Не сакавме да си одат дома разочарани. Искрено, сè уште имаме многу да подобриме“, рече фудбалерот на турскиот состав.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Рафаеле Паладино, се осврна на пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Неговите избраници вчера ја совладаа Борусија Дортмунд на домашен терен со 4-1 и успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч во Германија кога загубија со 2-0. „Сакам да им се заблагодарам на моите играчи, мојот персонал и на сите во клубот. Посебна благодарност до 23.000 навивачи кои нè водеа напред од првата до последната минута“ – рече тренерот на италијанскиот состав.
26-годишниот одбранбен кошаркар (198 см) Жил Бернард ќе ѝ се приклучи на Минесота со двонасочен договор. Тој не беше избран на драфтот во НБА во 2022 година и одигра 19 натпревари во сезоната 2023-24 во дресот на Вашингтон. Бернард во сезонава има просек од 22,8 поени, 6,7 скока, 5,2 асистенции и 1,1 украдена топка во Развојната лига за вториот состав на Тимбервулвс.
Кошаркарот на Хјустон, Рид Шепард, имаше значајна улога во победата на домашен терен против Сакраменто со 128:97 во меч одигран во НБА лигата. Тој беше стартер и успеа да постигне 28 кошеви за 32 минути поминати на паркетот. Бекот погоди 7 од 16 шута надвор од линијата за три поени што претставува негов личен рекорд во најсилната лига на светов.
Новиот селектор на нашите кошаркари, Жозеп Мариа Берокал, одреди 12. кошаркари кои ќе играат против Луксембург во третото коло од групата „А“ во претквалификациите за пласман на Евро-баскетот 2029. На списокот се: Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ. Мечот со Луксембург ќе го одиграме на 27 февруари во салата во „Градски парк“ во Скопје со почетокот во 18.00 часот.
Селекторот, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за мартовските мечеви со Белгија во квалификациската група за пласман на ЕП.На списокот ја нема повредената Сара Ристовска. Од повиканите 20- репрезентативки, девет се интернационалки а единаесет доаѓаат од македонските клубови. Македонија на 4 март ќе гостува во Белгија додека вториот дуел меѓу двете земји ќе биде одигран на 7 март во Куманово.
Зоран Јовановски, кој ќе биде на Зимските параолимписки игри во Милано–Кортина 2026 заедно со членови на нашата делегација, денеска остварија средба со државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски. „Зоран Јовановски со посветеносат и храброста испиша нова страница во спортската историја на Македонија. Горди сме што за првпат ќе имаме претставник на Зимските параолимписки игри. Му посакувам успешен настап и достојно, храбро и со срце да ги брани боите на Македонија на големата олиписка сцена – рече Огњeновски. Јовановски е првиот наш спортист кој ќе настапи на зимски параолимписки игри откако доби вајлд карта. Тој ќе се натпреварува во…
Турскиот фудбалски репрезентативец, Мехмед Челик, ќе ја напушти Рома во текот на летото како слободен агент. Десниот бек бара нето годишна плата од 4 милиони евра но, челниците не сакаат да му дадат повеќе од 2,5 милиони. Според одредени шпекулации, за Челик се заинтересирани неколку екипи од Англија и Германија.
НБА лигата очекувано им изрече казни на инволвираните во инцидентот на мечот Мајами-Мемфис. Поентерот на домаќниот Мајрон Гарднер и бекот на Мемфис, Скоти Пипен Јуниор, ќе треба да платат идентично по 35.000 долари за вмешаност во тепачката на теренот. Немилиот настан се случи на 21 февруари на 1 минута и 55 секунди до крајот на мечот.
Кошаркарот на Њу Орлеанс, Мареј, се очекува да дебитира во сезонава на утрешниот меч на домашен терен против Голден Стејт. Тоа ќе биде прво појавување на Мареј во НБА лигата по повеќе од 13 месеци откако ја скина Ахиловата тетива на десното стапало. Тој во претходната сезона одигра 31 натпревар.
