Author: dino

Бенфика откри дека УЕФА одбила да го санкционира играчот на Реал Мадрид, Фредерико Валверде, иако и бил доставен видео-материјал кога Уругваецот го удира без топка противникот, Самуел Дал. Тоа се случи на првата пресметка меѓу лисабонските орли и „кралевите“ во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите. „И покрај јасните докази од видео-снимката што ја прикажува агресијата кон играчот на Бенфика, УЕФА одлучи да не преземе никакви дисциплински мерки, стои во објавата на португалскиот состав.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Коке, очекува интересен и возбудлив дуел денеска против Бриж во првата фаза од елиминациите во Лигата на шампионите. Првата пресметка на теренот на белгискиот тим заврши 3:3 што им дава мала предност на Шпанците. „Имавме магични ноќи во нокаут фазата низ годините. Се надеваме дека ќе можеме да имаме уште една“ – рече Коке.

Read More

Кошаркарски состав Барселона успеал да го договор ангажманот на Силвен Франциско, најавија дел од медиумите во Европа. Тоа значи дека играчот на литванскиот тим Жалгирис на крајот на сезоната ќе се пресели на Пиринеите. Тој треба да потпише договор за две сезони. Франциско во сезонава во Евро-лигата има просек од 16,9 кошеви и 6,5 асистенции.

Read More

Фудбалерот на Лацио, Николо Ровела, има скршеница на десната клучна коска, потврди клубот во соопштение кратко по синоќешниот реми без голови против Каљари во меч од Серија „А“. Италијанецот по пет месеци започна како стартер но, принудно мораше да биде заменет во 60-тата минута. Ровела кој одигра само девет сезонски натпревари, веројатно ќе оди на долга рехабилитација доколку биде потребна операција да се санира скршеницата.

Read More

Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, постигна два гола во победата од 4-0 над Ал-Хазем, со што го искачи својот тим на врвот на табелата. Португалецот ги негираше гласините дека би можел да замине во текот на летото. „Многу сум среќен. Како што реков многу пати, јас ѝ припаѓам на Саудиска Арабија. Ова е земја која многу добро ме пречека мене, моето семејство и моите пријатели. Среќен сум тука“ – вели Роналдо. „ Најважно е да продолжиме да се бориме. Ние сме на врвот. Нашата работа е да победуваме.  Во добра форма сме“ – рече играчот на Ал-Наср.

Read More

Ферари потврди бонус од 14.900 евра за секој од своите вработени по успешната 2025 година за производителот на автомобили во сите конкуренции. Во Формула 1, Шарл Леклер ја заврши минатата сезона со седум подиуми додека Луис Хамилтон го освои само спринтот во Кина.  Дилерите на Ферари продадоа помалку автомобили во 2025 година но, компанијата генерираше поголеми приходи. Нето добивката беше значително поголема за 80 милиони евра од 2024-та достигнувајќи 1,6 милијарди евра. Токму тоа доведе до споменатите бонуси.

Read More

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали левиот бек Федерико Димарко кој изведе успешно два корнера и му помогнаа на тимот да ги постигне голови за победа против Лече во меч од Серија „А“. Тој исто така потврди дека стартерот на десниот бек Дензел Дамфрис ќе продолжи со тренинзите со тимот в понеделник по долгата пауза поради повреда. „Сакавме да ги искористиме максимално прекините бидејќи имавме многу корист од нив. Штета е што не се снајдовме подобро во првото полувреме“ – рече Киву.

Read More

Денеска Спортско радио 90,3 ФМ го одбележува 21- роденден со голема благодарност кон сите нашите слушатели, пријатели, соработници, луѓето инволвирани во спортот и спортското живеење. Тоа значи дека цели две децении лиферуваме спортски вести, правиме анализи, разговори, интервјуа, посебни блокови, преноси, јавувања и извештаи, се со цел да овозможиме квалитетна спортска програма која ќе допре до нашите слушателите. Ветуваме дека преку етерот ќе продолжиме да ја делиме заедничката страст и енергија бидејќи спортот е инспирација за сите. Тоа што започна пред 21 година речиси континуирано се збогатува со нови проекти наменети за сите возрасни категории кои се покрај радио-приемникот на…

Read More

КК Пелистер е санкциониран со високи казни од страна на Македонската кошаркарска Федерација за настаните во Куманово за време на Купот кој се одржа минатата недела. Станува збор за четвртфиналениот меч со МКК Куманово, на кој имаше и инциденти на трибините а потоа и повлекување на тимот од Битола од теренот. Пелистер е казнет со 60.000 денари за самоволно напуштање на теренот и со 10.000 денари за јавните критики што битолчани ги упатија за судењето. Тренерот Даскаловски е казнет со 9.600 денари за двете технички грешки а Марјан Илиевски, кој беше во својство на службен претставник е казнет со 3.200…

Read More

Ракометниот клуб Вардар потврди дека го обезбедил српскиот интернационалец, Вукашин Воркапиќ, кој ќе остане до крајот на сезоната 2027/2028.28- годишното десно крило пред да дојде во Скопје го носеше дресот на Војводина, на Металопластика од Шабац и на францускиот состав Иври. Тој е репрезентативец на Србија со настапи на Светски првенства а беше дел и од последното ЕП во Данска. Воркапиќ веднаш ќе може да настапува за Вардар во продолжението на сезоната вклучително и во меѓународната конкуренција.

Read More