Author: dino

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, планира да се раздели со најмалку пет- шест фудбалери доколку остане во тимот и за наредната сезона. Според текстот во „Ла Газета дело Спорт“, може да се заклучи дека Луис Опенда, Хуан Кабал, голманот Микеле Ди Грегорио, Василие Аџиќ и Едон Жегрова се на излезната врата од Торино. Договорот на Спалети ќе истече во јуни но, веројатно ќе биде продолжен ако „старата дама“ обезбеди учество во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Read More

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, веројатно нема да оди на операција на коленото иако се очекуваше спротивното. Имено, медицинскиот персонал на клубот ќе разгледа други опции за негово закрепнување откако магнетната резонанца не покажа проблеми што бараат задолжителна операција. Вториот пак, напаѓач на Рома, Матијас Шуле, нема да има таква среќа. Според најавата тој веројатно ќе мора да се оперира.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Кион, не е задоволен од играта на лондончани кои дозволија полека да се стопи предноста пред Манчестер Сити во трката за титулата. Некогашниот репрезентативец на Англија нагласи дека проблемот не е од тактичка природа туку психолошки и дека тоа се виде на последниот меч со Вулверхемптон. „Видете, Арсенал има пет бода предност на врвот на табелата и се е отворено. Сè уште има шанса да ја освојат титулата“ – рече Кион.

Read More

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, се осврна на резултатите од тестовите во Барселона пред новата сезона. Тој упати благодарност до тимот за брзото решавање на проблемите што се појавија на болидот за време на сесијата. „Не бевме во можност да постигнеме сè што планиравме. Сепак, сите направија голема работа поправајќи ги проблемите со автомобилот“ – потенцираше Британецот.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џејлон Тајсон, призна дека бил изненаден од дефанзивната игра на Џејмс Харден по нивните први натпревари заедно во Кливленд. Тој очекувал дека ветеранот главно ќе биде ангажиран во нападот но, тоа не се случило. „Офанзивно, ништо не ме изненади но, дефанзивно, тој е всушност многу добар. Веќе има неколку блокирани шутеви“ – рече 23-годишниот играч на Кавалирс

Read More

Нашата скијачка, Јана Атанасовска, не успеа да ја финишира денешната слаломска трка на ЗОИ во Милано -Кортина. Таа уште во првото возење направи техничка грешка и мораше предвреме да го заврши настапот. Атанасовска и на претходната трка во велеслом ја доживеа истата судбина. Македонија до крајот на Игрите ќе нема претставници откако Ннордијците во крос-кантри Ставре Јада и Ана Цветановска како и алпскиот скијач, Виктор Петков, ги завршија предвидените настапи.

Read More

Ракометарите на Вардар со пораз се враќаат од Пирините. Тие вчера загубија на теренот на Бенфика во меч од Европската лига. Владо Недановски кој е дел од раководната структура во „црвено-црниот“ табор, во изјавата од Лисабон за Спортско радио 90,3 ФМ, направи кратка анализа на мечот. „Добро одигравме само во првите 15 минути. Потоа имавме многу технички грешки и промашени шутеви. Со таква игра не може да се освојат бодови иако во еден период се вративме на помала негатива но, немаше можност за пресврт. Бенфика е одличен состав на сите позиции“ – вели Недановски кој ја опиша и сликата околу…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Пјер Калулу, проговори за извинувањето на фудбалерот на Интер Алесандро Бастони. Токму по нивниот дуел играчот на „нероаѕурите“ падна театрално и го натера судијата Федерико Ла Пења да му покаже втор жолт картон на дефанзивецот на Јувентус. „Не го видов ниту прочитав извинувањето на Бастони. Треба да простиме. Натпреварот заврши“ – рече Калулу кој ќе мора да паузира еден меч иако според анализата беше неоправдано исклучен.  

Read More

Фудбалерите на Милан денеска од 20.45 часот ќе се сретнат со Комо во одложен натпревар од 24-то коло од италијанската Серија А. „Росонерите“ имаат 8 бодови минус во однос на лидерот на табелата Интер додека гостите  се борат да обезбедат евро-виза за наредната сезона. Кај домаќинот ќе ги нема Хименез и Рабиот додека гостите допатуваа без Диао и Мората. Судија на стадионот „Сан Сиро“ ќе биде Мариани.

Read More

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не го криеше своето задоволство од победата на теренот на Монако во првиот натпревар од нокаут фазата на Лигата на шампионите.  „Ова е ПСЖ што сакам да го видам – ​​тим кој не се плаши од ништо и верува во својата идеја до последната секунда. Кога играме како еден, ние сме непобедливи“ – вели Енрике.  „Тоа е голем чекор но, ништо не е одлучено. Резултатот од 3:2 е одличен за нас. Во реваншот ќе излеземе да напаѓаме и да доминираме“ – нагласи тренерот на „светците“.

Read More