Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Кион, не е задоволен од играта на лондончани кои дозволија полека да се стопи предноста пред Манчестер Сити во трката за титулата.
Некогашниот репрезентативец на Англија нагласи дека проблемот не е од тактичка природа туку психолошки и дека тоа се виде на последниот меч со Вулверхемптон.
„Видете, Арсенал има пет бода предност на врвот на табелата и се е отворено. Сè уште има шанса да ја освојат титулата“ – рече Кион.

