Возачот на Ред Бул, Макс Верстапе, навести дека може да ја напушти Формула 1 бидејќи не е задоволен од перформансите на новите болиди. „Не е значајно дали автомобилот може победува на трките. Во сегашната фаза од мојата кариера, најмногу ме интересира колку е пријатно и удобно да се вози.“ – рече Холанѓанецот. „Мислам дека со моменталните гуми и поставеноста на автомобилот, нивото на прилепување е премногу ниско“ – рече Верстапен.
Author: dino
Легендарниот кошаркар, Тони Паркер, се подготвува за нов предизвик во својата кариера, наведуваат дел од медиумите. Според „Ле Прогрес“, Французинот кој е претседател на Вилербан, би можел да ја преземе функцијата главен тренер бидејќи договорот на Пјерик Пупе истекува на крајот од сезоната. Четирикратниот шампион во помина една недела во стручниот штаб на Њујорк учејќи од Мајк Браун.
Крилниот центар на Лејкерси, Леброн Џејмс, на мечот со Далас го забележа својот 123-ти трипл-дабл во кариерата. Тој за 35 минути на теренот постигна 28 поени додавајќи 10 скока и 12 асистенции со 4 изгубени топки. Џејмс (41 година, 44 дена) го надмина Карл Мелоун (40 години, 127 дена) и стана највозрасниот играч во историјата на НБА што остварил трипл-дабл.
Кошаркарот на Портланд, Донован Клинган, постигна 23 поени во победата против Јута од 135-119. Tој имаше погодено 8 удари од поле и 7 од линијата за слободни. 21-годишникот имаше и 18 скока, седум асистенции и три блокади. Центарот стана првиот играч на Блејзерс по легендарниот, Скоти Пипен, кој постигнал резултат од најмалку 20 коешви, 15 скокови и пет асистенции без изгубена топка.
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Гоце Седлоски, се осврна на групата што ја добивме во наредното издание на Лигата на Нации. Таму не чекаат Шкотска, Швајцарија и Словенија. „Шкотска и Швајцарија се главните фаворити. Тоа се две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво“ – изјави Седлоски за официјалниот сајт на ФФМ. „Ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил…
Селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија ќе и бидат противници на Македонската фудбалска репрезентација во групата 1 во дивизијата „Б“ во Лигата на Нации во наредната сезона. Во Сегмент „А“ во групата 1 се Франција, Италија, Белгија и Турција. Во група 2 влегоа Германија, Холандија, Србија и Грција. Групата 3 ја сочинуваат Шпанија, Хрватска, Англија и Чешка додека во група 4 ќе бидат Португалија, Данска, Норвешка и Велс.Еве кој ќе учествува во другите групи.Сегмент „Б“Група Б2:Унгарија, Украина, Грузија и Северна Ирска Б3: Израел, Австрија, Република Ирска и Косово Б4:Полска, БИХ; Романија и Шведска Сегмент „Ц“Група Ц1: Албанија, Финска, Белорусија и…
Македонската олимпијка, Ана Цветановска, го освои 105-то место во дицииплината крос-кантри спринт на 10 километри во конкуренција на 111 натпреварувачки на ЗОИ 2026. Нашата претставничка ја заврши трката со време 31:32.04, резултат кој не беше доволен за да обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето.За Ана ова беа втори Олимписки игри во кариерата бидејќи беше и во Пекинг. Цветановска денеска го заврши својот настап на Олимписките игри во Милано/Кортина. Утре повторно на патеката крос-кантри ќе се појави Ставре Јада на трката на 10 километри.
Лондонски Тотенхем започна преговори за потпишување на германскиот дефанзивец Антонио Рудигер, кој треба да го напушти Реал Мадрид на крајот од тековната сезона. Англискиот клуб размислува да го привлече играчот во претстојниот летен преоден рок. Тотенхем се надева дека ќе го убеди Рудигер да не потпишува нов договор со Реал Мадрид. Дефанзивецот претходно се согласи на значително намалување на платата за да остане во Реал Мадрид. Рудигер не брза да донесе конечна одлука за својата иднина, но изрази желба повторно да игра во Англија. Вест Хем и Кристал Палас исто така се во трка за да потпишат со него. Дефанзивецот има…
Второлигашот Вардар го комплетираше осминафиналното друштво во Купот на ОФМ во женска конкуренција откако со 3:0 (25:12, 25:11, 25:16) се радуваше против Универзитет во Тетово во последниот дуел од претколото. „Вардарки“ ја оправдаа фаворитската улога и покрај тоа што натпреварот во договор меѓу екипите беше одигран на теренот во Тетово. Во осминафиналето на 18. февруари, бранителот на куп-титулата Наковски Волеј ќе го пречека Борец, Работнички Скопје се соочува со Ново Село, Газели Волеј за противник ја има Виола Волеј, додека Младост УГД игра со Форца Волеј ЕМА. Шампионот Јанта Волеј КВ ќе ги одмери силите со Вардар жени 2019, Пелистер…
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доцна синоќа одиграа нерешено кај Вест Хем со што ја прекинаа серијата на победи во Премиер-лигата. Нивниот менаџер, Мајкл Карик, вели дека постои мало разочарување. „Дефинитивно не го покажавме најдоброто. Малку сум лут. Имавме тежок стадион за играње и немавме доволно острина во нашите напади но, покажавме одличен тимски дух“ – рече Карик. „Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и колку долго работиме заедно, нерешениот резултат не е толку лош“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.
