Author: dino

Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, верува дека треба да остане во клубот иако „спарси“ на осум мечеви во Премиер-конкуренцијата немаат остварено победа и се наоѓаат на дното на табелата. „Уверен сум дека ќе бидам на чело на тимот против Арсенал. Го разбирам проблемот и лесно е да се покажува со прст кон мене но, тоа се однесува на целиот клуб“ – рече Франк. „Имаме 11 повредени а сега го немаме и Одобер. Многу фактори влијаат на случувањата во екипата“ – рече Франк.

Read More

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, ги коментираше гласините за евентуален трансфер на американскиот кошаркар, Најџел Хејс-Дејвис. „Вистина е дека го сакаме во нашиот тим. Не можам да навлегувам во детали во моментов, тој разгледува неколку опции и се надевам дека ќе ја избере нашата понуда“ – рече Јанаи. Американскиот кошаркар кој не се прослави во НБА, сега сака да се врати во Европа. Тој во сезоната 2024/25 играше за Фенербахче со просек од 16,7 поени, 5,3 скока, 1,7 асистенции и 1,1 украдена топка.

Read More

Поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, ги процени шансите на младиот Исак Аџар да се наметне во редовите на Ред Бул. „Мислам дека импресионираше со начинот на кој возеше во изминатата сезона. Имаше фантастична година учејќи и покажувајќи одлични перформанси на многу трки“- рече Маса. „Сега добива фантастична можност да му се приклучи на голем тим иако притисокот сигурно ќе биде интензивен во друштво на Макс Верстапен“ – рече Маса.

Read More
NBA

Стив Кер коментираше за ротацијата во тимот. Голден Стејт победи на два од последните три меча иако го немаше Стеф Кари. Во победите над Феникс и Мемфис,  другата ѕвезда, Дејмонд Грин, не играше четири четвртини. „Без Стеф, сè е поинаку. Неговото отсуство драматично влијае на нашиот напад,. Самиот ги решава сите наши проблеми со ширење на просторот.“ – рече Кер. „Без Стеф и Џими се мачиме да постигнеме кошеви. Се чини дека е подобро да се држиме само до еден висок играч“ – беа зборовите на тренерот.

Read More
NBA

Кевин Дурант беше најдобар стрелец во победата на Хјустон против Клиперс од 102-95 во меч од НБА лигата. Кошаркарот имаше 26 поени, 6 скока, 3 асистенции, 5 изгубени топки и 2 украдени. Тој го одигра 1.000-от натпревар во кариерата на кој забележал најмалку 20-ет кошеви. Претходно само големите легенди на НБА, Леброн Џејмс, Карл Мелон и Карим Абдул-Џабар ја достигнале таа граница.

Read More

Фудбалерот, Федерико Димарко, може да ја продолжи соработката со Интер до 2030 година, објавија дел од медиумите во Италија. Одличниот дефанзивец кој дејствува по страничните позиции е производ на Академијата на „нероаѕурите“. Тој во еден период играше како позајмен во Сион, Парма, Верона и Асколи. Димарко кој има договор до летото во 2027 година, во сезонава одигра 31 натпревар со ефект од 6 голови и 13 асистенции.

Read More

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Рома, Рики Масара, проговори за трансферите во зимскиот преоден рок. Тој наведе дека допрва ќе се решава дали дел од играчите ќе добијат нови договори. „Брајан Сарагоса беше можност што се појави на крајот од преодниот рок. Тој е силен играч кој ги има карактеристиките што ни недостасуваа во нападот“ – рече Масара. „Секогаш сме имале добри односи со агентите на Дибала, Пелегрини, Ел Шарави, затоа треба да седнеме на маса и да видиме дали постои можност за договор“ – истакна Масара.

Read More

Фудбалерот на Евертон, Џек Грилиш, беше опериран откако претрпе скршеница на стапалото. Играчот од средниот ред кој настапува како позајмен од Манчестер Сити, се огласи на социјалните мрежи. „Не сакав сезоната да заврши вака но, тоа е фудбалот. Операцијата беше успешна. Знам со сигурност дека ќе се вратам поздрав, посилен и попродуктивен“ – напиша Грилиш на социјалните мрежи. „Ќе ги поддржувам момците и ќе направам сè што можам за да се вратам што поскоро“ – стои во објавата на фудбалерот на Евертон.

Read More

Челниците на кошаркарскиот состав, Хапоел Тел Авив, јавно му даваат поддршка на тренерот, Димитрис Итудис,  по серијата на лоши резултати. „Имате целосна поддршка од нас. Нѐ доведовте во Евролигата и ќе нѐ изведете од оваа тешка ситуација“, му рекле тие на Итудис. Израелскиот состав ги загуби последните четири натпревари во Евро-лигата и падна на петтото место на табелата.

Read More
NBA

Ѕвездата на Голден Стејт, Џими Батлер, вчера беше успешно опериран на скинатиот преден вкрстен лигамент на десното колено во Лос Анџелес, објави НБА тимот. Тој ќе го пропушти остатокот од тековната сезона а информациите за неговото закрепнување нема да бидат ажурирани до почетокот на наредната сезона. Батлер има една сезона и 56,8 милиони долари преостанати од неговиот тековен договор. Генералниот менаџер, Мајк Данливи, изјави дека „не може да замисли“ да го продаде Батлер и очекува тој да се врати на терените.

Read More