Спортскиот директор на фудбалскиот состав Рома, Рики Масара, проговори за трансферите во зимскиот преоден рок. Тој наведе дека допрва ќе се решава дали дел од играчите ќе добијат нови договори.
„Брајан Сарагоса беше можност што се појави на крајот од преодниот рок. Тој е силен играч кој ги има карактеристиките што ни недостасуваа во нападот“ – рече Масара.
„Секогаш сме имале добри односи со агентите на Дибала, Пелегрини, Ел Шарави, затоа треба да седнеме на маса и да видиме дали постои можност за договор“ – истакна Масара.

