Челниците на кошаркарскиот состав, Хапоел Тел Авив, јавно му даваат поддршка на тренерот, Димитрис Итудис, по серијата на лоши резултати.
„Имате целосна поддршка од нас. Нѐ доведовте во Евролигата и ќе нѐ изведете од оваа тешка ситуација“, му рекле тие на Итудис.
Израелскиот состав ги загуби последните четири натпревари во Евро-лигата и падна на петтото место на табелата.

