Денеска во Никозија беа одредени двојките за мечот Кипар-Македонија во рамките на Дејвис купот од Втората Светска зона. Амар Хусеиновиќ утре ќе игра против Мелиос Ефстатиу додека во вториот меч Стефан Мицов ќе ги одмери силите со Фотос Фотиадес. Вториот ден од викендот ќе донесе три меча. Во двојки, Хусеиновиќ и Мицов ќе играат против Ефстатиу и Елефтериос Неос додека во завршните сингл пресметки, Мицов ќе излезе на мегдан против Ефстатиу а Хусеиновиќ со Фотиадес.
Author: dino
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Газменд Хисејини го објави списокот на играчи кои се во комбинација за претстојните два контролни дуели против селекцијата на Австрија што ќе се одиграат во Гевгелија. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 16 фудбалери и со овие две средби почнуваат подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. СПИСОК НА ИГРАЧИ Антонио Петровски – КМФ ПроектИван Стојановски- КМФ Кеги МобиБојан Јанев – КМФ ПроектТаулан Исмаили- КМФ БалканМарио Благојевски- КМФ ПроектНикола Анчевски- КМФ ПроектЈасир Зекири- КМФ ФорцаИгор Леовски-Луценец СловачкаТони Киревски- Олмиссум ХрватскаЈакуп Рамадани – Дреница КосовоБерат РамаданиИван Крстевски- КМФ ФорцаСадат Зибери-…
Во терминот од 2-5 февруари во Осло во организација на УЕФА и на Норвешката фудбалска асоцијација се одржа семинар на тема скаутинг во фудбалот под назив – „Таlent ID“. Локацијата не е случајно избрана бидејќи Скандинавската земја го има еден од најдобрите голгетери на денешницата, Ерлинг Халанд како и екипата на Бодо која е учесник во Лигата на шампионите. Македонија и ФФМ на семинарот ги претставуваа Никола Новески-главен скаут и Влатко Томовски – скаут. Според наши сознанија, двајцата исклучително добро се претставиле во одредени елементи на идентификација на таленти особено во делот на практично функционирање на проценката на скаутите. Тоа…
Италијанскиот елитен состав, Јувентус, ќе се обиде да издејствува трансфер на фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, наведуваат медиумите во Италија. „Газета дело Спорт“ пишува дека поранешниот играч на Милан е голема цел на „старата дама“ за летниот трансфер период. Јуве планира да се ослободи од неколку играчи за да може да обезбеди доволно средства за потписот на Тонали.
Челниците на Наполи започнале преговори со фудбалерот, Рахим Стерлинг, кој деновиве ја прекина соработката со Челзи. Медиумите тврдат дека крилниот напаѓач е заинтересиран да замине во Италија. Според нив, 31-годишниот фудбалер има желба повторно да настапува со Кевин Де Бруин. Тие беа заедно во редовите на Сити од 2015 до 2022 година. Стерлинг во изминатите три години имаше неславни епизоди во Арсенал и во Челзи.
Џорџ Расел рече дека не гледа евентуални проблеми со новите болиди од Формула 1. Неговата изјава доаѓа откако возачите ги направија првите тестови во Барселона. „Многу се зборуваше за можноста да се менува брзината во одредени услови на рамниот дел. Можеби тоа ќе продолжи но, не се чувствува дека е нешто необично“ – рече Расел. Болидите во новата сезона ќе бидат драстично променети во погонскиот дел и во конструкцијата.
Фудбалската Асоцијација на Англија го казни Лестер со одземање на шест бодови поради прекршување на финансиските прописи додека настапуваше во Премиер-лигата. Правилата се однесуваат за три последователни години. Во тој период на клубовите не им е дозволено да регистрираат загуба поголема од 105 милиони фунти. „Лисиците“ беа дел од Премиер лигата но, испаднаа изминатата сезона.
Фудбалерот на Вулверхемптон, Џон Аријас, дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во екипата на Палмеирас. Трансферот ќе биде вреден 25 милиони евра а 28-годишникот ќе потпише договор до крајот на 2029 година. Аријас во сезонава одигра 26 натпревари со ефект од 2 гола и една асистенција.
Новинарот, Крис Хејнс, ја опиша ситуацијата на ѕвездата на Бакс, Јанис Антетокумпо, кој беше споменат во гласините за размена пред крајниот рок но, остана во тимот. „Јанис не побара размена, немаше барање од негова страна. Сега е задоволен од сè.“ – напиша Хејнс. „ Се опоравува многу добро oд повредата и можеби е игра на Ол-стар натпреварот“ – нагласи новинарот.
Одбранбениот кошаркар, Кам Томас, јасно стави до знаење дека не е премногу вознемирен што е отпуштен од Бруклин. „Неверојатно сум возбуден поради фактот што ќе можам навистина да придонесам и да направам разлика за друг тим“- рече Томас. „Мојот нов тим ќе има добра креативна игра и одличен бек во мене“ – нагласи 24-годишниот кошаркар кој имаше просек од 15,6 поени и 3,1 асистенции.
