Џорџ Расел рече дека не гледа евентуални проблеми со новите болиди од Формула 1. Неговата изјава доаѓа откако возачите ги направија првите тестови во Барселона.
„Многу се зборуваше за можноста да се менува брзината во одредени услови на рамниот дел. Можеби тоа ќе продолжи но, не се чувствува дека е нешто необично“ – рече Расел.
Болидите во новата сезона ќе бидат драстично променети во погонскиот дел и во конструкцијата.

